Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава

Од дневниците на практичната настава


Сведоци сме дека студентите на Институтот за математика, покажуваат интерес кон обавување на практична настава од најразличен профил. Компаниите каде тие ја реализираат својата практична настава се основи и средни училишта, банки, осигурителни компании, сметководствени фирми, компјутерски фирми, но и организации од општествен карактер.
Picture
Искуство од практичната настава во А1 Македонија како дел од програмата A1 WayUp
10 јули 2022 
Една од поновите компании каде студентите од Институтот за математика посетуваат практична настава е компанијата А1 Македонија. За искуството од практична настава во А1 Македонија, ни сведочи изјавата на Ангела Здравковска, дипломиран математичар, поранешен студент на Институтот за математика, која како апсолвент посетуваше практична настава во А1 Македонија
Picture
Впечатоци од практичната настава во Комерцијална банка АД Скопје 
26 ноември 2015 
Веќе втора година, студенти од Институтот за математика посетуваат практична настава во Комерцијална банка АД Скопје. Интересот за овој вид на практична настава е се поголем, посебно кај студентите на насоката математичка економија.
Picture
Туторска поддршка на учениците Роми 
22 мај 2015 
Во текот на учебната 2014/2015 година во рамките на практичната настава, студенти од Институтот за математика се вклучија во проектот „Туторска поддршка на учениците Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“.
Picture
Практична настава на студенти од Институтот за математика во Државниот завод за статистика 
24 април 2015 
Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.
Picture
Практична настава на студенти од Институтот за математика во Сојузот на математичари на Македонија 
29 декември 2014 
Во текот на изминатава 2014 година Сојузот на математичари на Македонија (СММ) организираше и реализираше неколку домашни и меѓународни натпревари по математика. Како резултат на долгогодишната и успешна соработка на СММ и Институтот за математика при ПМФ, Скопје, оваа година, студенти од Институтот за математика, во рамките на својата практична настава, беа дел од организацијата и спроведувањето на натпреварите по математика.
Picture
Туторска настава на студенти од Институтот за математика во Домот за деца без родители „11 Октомври“
05 декември 2014 
Човек се чувствува најисполнет кога го употребува своето знаење и можности за да им помогне на другите. Едно од местата каде што помошта од која било област (не само математика) е секогаш добредојдена, е Домот за деца без родители ,,11 Октомври” во Скопје.
Picture
Студенти од Институтот за Математика ја креираат првата македонска board game игра 
28 октомври 2014 
Петчлена екипа од студенти на Институтот за Математика под раководство на ментор од Институтот, земаа учество на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2014“, проект платформа на град Скопје. Нивна задача беше креирање на првата македонска board game (картонска) игра.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.