Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Алумни на ИМ > Изјави на Алумните на ИМ

Изјави на Алумните на ИМ


Picture
Зоран Шуниќ
Зоран Шуниќ, вработен на Texas A&M University, САД 
(дипломирал на математика - теориска) 
поле на истражување: теорија на групи, комбинаторика, спектрална теорија на графови, теорија на броеви 

"Јас на ПМФ влегов како момче со нешто малку талент, а излегов како добро образуван мaтемaтичар благодарејќи, пред се, на големите очекувања и предизвици кои моите професори ми ги поставуваа. Длабочината и широчината на познавањата кои можат да се стекнат низ редовната настава за време на додипломските студии по математика на ПМФ се доста поголеми од оние што се очекуваат од студентите во повеќето универзитети во САД, што ми подари огромна предност во моите докторски студии тука, а и во понатамошната кариера."
Picture
Ристе Атанасов
Ристе Атанасов, вработен на Western Carolina University, САД 
(дипломирал на математика - теориска) 
поле на истражување: геометриска теорија на групи 

"Првите средби со дел од вработените на Институтот за Математика при ПМФ, Скопје, ги имав како средношколец, учествувајќи на натпреварите по математика. Импресивна беше нивната ангажираност и мотивираност да им помогнат на младите талентирани ученици. Позитивните искуства продолжија како студент на Институтот, а подоцна и како асистент. Во 2000 година дојдов во САД на докторски студии. Знаењата и искуствата стекнати во Македонија ми го олеснија студирањето. Во разговор со моите професори во Бингхамтон, очигледна беше нивната импресионираност со начинот на работата на Институтот за Математика и со широките математички познавања што студентите ги стекнуваат. Веќе девет години не сум физички член на Институтот, но одржувам постојан контакт со вработените. Секоја посета во Скопје се состои од посета и на Институтот за Математика, и секогаш се чувасвувам добредојден, како да сум дома. "
Picture
Виолета Василевска
Виолета Василевска, вработена на Utah Valley University, САД 
(дипломирала на математика - наставна, магистрирала на ИМ, докторирала на University of Tennessee-Knoxville, САД) 
поле на истражување: геометриска топологија и теорија на групи 

"За време на моите додипломски и магистерски студии на Институтот по Математика при ПМФ во Скопје, имав привилегија да учам од одлични професори кои покрај што ми пренесоа солидно математичко знаење, ме научија да ја ценам математиката. Како вработена на Институтот имав чест да работам со луѓето кои претходно беа мои професори. После магистрирањето, одлучив да продолжам со докторски студии во САД. Тогаш станав потполно свесна колку стекнатото знаење во текот на годините поминати како студент и асистент на ПМФ е широко, солидно и од големо значење за мојата работа. За тоа секогаш ќе им бидам благодарна на професорите на Институтот за Mатематика при ПМФ."
Picture
Светлана Познановиќ
Светлана Познановиќ, вработена на Clemson University, САД 
(дипломирала на математика - теориска) 
поле на истражување: комбинаторика 

"Со оглед на тоа дека по дипломирањето продолжив на постдипломски студии во странство, имав можност да ја споредам програмата на нашиот Институт со многу други. Заклучив дека воопшто не заостануваме во однос на светски признаените универзитети. Дипломата по математика овозможува продолжување со работа на работни места кои се директно, но и индиректно поврзани со математиката, бидејќи работодавците се се позаинтересирани за луѓе со способност за аналитичко размислување."
Picture
Мишко Митковски
Мишко Митковски, вработен на Clemson University, САД 
(дипломирал на математика - теориска) 
поле на истражување: комплексна, хармониска и функционална анализа 

"Македонскиот Институт за Математика нуди квалитетна програма на додипломските студии. Бројот на студенти не е многу поголем од бројот на професори што овозможува поквалитетна настава. Нивото на знаење и математичка култура што се стекнува на овој Институт е на рамниште на многу светски признаени универзитети."
Picture
Илир Снопче
Picture
Слободан Танушевски
Илир Снопче и Слободан Танушевски, вработени на Binghamton University, САД 
(дипломирале на математика - теориска) 
поле на истражување (Илир Снопче): теорија на групи, топологија и теорија на броеви 

"Квалитетна настава, одлични предавачи, асистенти кои секогаш сакаат да ви помогнат, тоа се нашите импресии од Институтот за Математика. Ќе се стекнете со солидно образование кое е на нивото на добрите универзитети низ светот. За тоа доказ е успехот на многу дипломци на Институтот кои сега се на постдипломски студии или во работен однос на многу елитни места, а за тоа најзаслужни се нашите професори."
Picture
Елена Маркоска
Елена Маркоска 
(дипломирала на математика - наставна) 

"Како студент на Институтот за математика на ПМФ, Скопје се здобив со непроценлива основа и знаења кои ми овозможија да ја продолжам мојата кариера и школување во Торонто, Канада. Мојата диплома беше призната и ми овозможи да добијам сертификат со кој можам да предавам математика и природни науки во средно училиште. Наскоро ќе ги почнам постдипломските студии на универзитетот Јорк."
Љупка Стојчевска, пост-докторски соработник на Отсекот за комплексна материја на Институтот Jožef Stefan, Љубљана, Словенија 
(дипломирала на математика-физика) 

"Додипломските студии на ПМФ ми овозможија од една страна да стекнам квалитетно образование во областа на математиката, а од друга страна и ме научија како правилно и аналитички да размислувам. Додека бев студент, секој ден ми беше исполнет со нови знаења и искуства, овозможени од професорите и асистентите кои беа секогаш спремни да објаснат и да ме воведат во новите и непознати дотогаш за мене области од математиката. Горда сум што своето знаење го стекнав токму на ПМФ, и што учев од најдобрите!"
Дијана Цветкоска, вработена во АД Микросам, Прилеп 
(дипломирала на математика - наставна) 

"Студирањето на ПМФ беше едно од најубавите искуства во мојот живот. Професорите и асистентите се секогаш спремни да помогнат (да објаснат), да го направат учењето колку што е можно полесно. Да ги спомнам и семинарите на коишто ги разработивме современите методи на предавање, а коишто ми беа овозможени од страна на ИМ и ПМФ, што покажува дека Институтот за математика се стреми кон современа настава и учење."
Picture
Стеванче Николоски
Стеванче Николоски, вработен во АД Микросам, Прилеп 
(дипломирал на математика - наставна, магистрирал на ИМ) 

"Од времето кога студирав па до денес ИМ обезбедува висок квалитет во наставата и истражувањето, и ги следи најмодерните светски и домашни текови. Постојано работи на иновирање во студиските програми, во наставните методи и техники и обезбедува слобода на креативноста и изразувањето на сопствените гледишта во контекст на природните процеси. Кадарот на ИМ е еден од ретките кој целосно се посветува во градењето на студентот во високо ефективна и продуктивна личност и едноставно придонесува да се долови математиката со целата нејзина убавина и широк спектар на тајни што ги крие во себе. Институтот за Математика, место во кое имате отворени можности и исклучително амбициозна средина, секогаш е одличен избор!"
Слободан Филиповски, вработен на Европски Универзитет, Скопје 
(дипломирал на математика - теориска) 

"Привилегија е да се студира на ИМ знаејќи дека комплетниот наставен кадар е инзвонреден, наставната програма и критериумите се на високо рамниште. Шестте години поминати на ПМФ, време во кое магистрирав и имав двегодишно работно искуство како демонстратор, се години на кои ги должам моите знаења и првите искуства како предавач."
Picture
Стево Ѓоргиев, вработен во Државен завод за статистика, Скопје
(дипломирал на математика - математичка економија)
​
„Студиските денови поминати на ИМ претствуваат пријатно искуство за секој кој навистина ја сака математиката, затоа што е опкружен со луѓе кој ја разбираат таа безрезервна „љубов“, дискутираат за нејзината убавина и се восхитуваат на нејзината примена, прецизност и елеганција. Изведувањето на наставата и тежината на материјата на секој курс од студиската програма се добар патоказ во која насока да се продолжи понатамошното стручно усовршување и изборот на соодветна работна позиција. За мене стекнатите знаења се од голема корист во совладување на одредени материи за извршување на работните задачи.“

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.