Центар за кариера > Практична настава
Практична настава
Практичната настава е во функција на практичното усовршување на студентите. Според Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава на студентите („Сл.весник на РМ“ бр.120/10), секој студент треба да реализира практична настава од минумум 30 работни дена во годината, а посетување на истата е еден од условите за запишување на наредната година.
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
(продолжување на рокот за реализација на практичната настава 2022/2023) Студентите на Институтот за математика кои сѐ уште не ја реализирале практичната настава за учебната година 2022/2023, може тоа да го направат најдоцна до крајот на зимскиот семестар 2023/2024 година. Од Центарот за кариера 16 јануари 2024 год. С О О П Ш Т Е Н И Е
(документи за практичната настава)
Пред почетокот на студентската пракса студентот треба да го искотактира Раководителот на Центарот за кариера и да ги прати потребните податоци за издавање на потврдата (упатницата) за отпочнување со практичната настсава. Од Центарот за кариера 16 јануари 2024 год. С О О П Ш Т Е Н И Е (за доставување на потврдите за реализирана практична настава 2022/2023) Се известуваат студентите дека потврдите за реализирана практична настава за учебната 2022/2023 година, покрај тоа што ги доставуваат во Библиотеката на математика (копија), треба да ги достават и до Службата за студентски прашања (оригинал) при уписот на зимскиот семестар 2023/2024. Од Центарот за кариера 18 септември 2023 год. С О О П Ш Т Е Н И Е
(практична настава 2022/2023) Студентите на Институтот за математика кои сѐ уште не ја реализирале практичната настава за учебната година 2022/2023, може тоа да го направат најдоцна до 30 септември 2023 година. Упатството за изведување на практична настава, мрежата со организации за изведување на практична настава и урнекот за дневникот на практичната настава се објавени на страницата со Документи за практична настава, а дополнителни огласи за пракси (домашни и меѓународни) повремено се објавуваат на страницата со Огласи за пракса. Потсетуваме, дека по одбирањето на организацијата за практична настава, студентот треба да се обрати до Центарот за кариера да добие упатница за практична настава т.е да прати e-mail на адреса Проф. д-р Ирена Стојковска [email protected] со свои податоци: - име и презиме, - насока, - семестар, - организација каде ќе посетува практична настава. По завршувањето на практичната настава студентот треба да достави до Центарот за кариера (оставајќи ги документите во библиотеката на Институтот за математика): - копија од упатницата за практична настава, - потврда од организацијата за реализирана пракатична настава, и - дневник на практичната настава. Ги потсетуваме студентите дека реализацијата на практичната настава од најмалку 30 дена во текот на една академска година, за секоја од четирите години е дел од студиските програми на Институтот за математика. Потврдите од организациите за реализирана практична настава ќе бидат дел од досието на студентот, а податоците за реализираната практична настава ќе бидат внесени во додатокот на дипломата кој Факултетот го издава по дипломирањето. Од Центарот за кариера 6 април 2023 год. |
Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ