Центар за кариера > За Центарот за кариера
За Центарот за кариера
Центарот за кариера се организира заради водење евиденција за поранешни студенти (алумни), организирање на саеми за кариера и организирање практична настава за студентите. Во рамките на саемите за кариера, Центарот за кариера во соработка со компании од стопанството, организира средби меѓу студентите и претставници на компаниите со цел да се запознаат студентите со потребите на компаниите од стручен кадар, со што би се намалил јазот меѓу побарувачката и понудувачката на работна сила. Практичната настава е во функција на практичното усовршување на студентите. Со овие активности, Центарот за кариера се залага за информирање и насочување на студентите во изборот на својата кариера како математичар.
Во активностите кои се реализираат во име на Центарот за кариера, учествуваат наставниците, соработниците, административната служба и студентите на Институтот за математика.
Во активностите кои се реализираат во име на Центарот за кариера, учествуваат наставниците, соработниците, административната служба и студентите на Институтот за математика.
Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ