Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Туторска поддршка на учениците Роми 

Туторска поддршка на учениците Роми 


Picture
Во текот на учебната 2014/2015 година во рамките на практичната настава, студенти од Институтот за математика се вклучија во проектот „Туторска поддршка на учениците Роми кои учат во второ, трето и четврто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“ кој го имплементира ЗГ Ромски Ресурсен Центар, финансиски поддржан од Ромскиот Едукативен Фонд – Будимпешта. 
Овој проект претставува пилот проект во рамките на Шуто Оризари. Имплементацијата на проектот почна од 01 Јули 2014 и ќе трае до крајот на учебната година, а се очекува да продолжи и наредните три години. Сличен проект веќе три години се имплементира во Тетово и во Гостивар, а од оваа година се вклучуваат и општините Кичево и Дебар. Проектот го имплементира НВО „Сонце“ – Тетово. Главната замисла на овој проект е да придонесе за зголемување на квалитетот на знаењата и за нивото на проодност на учениците кои учат во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари. 
Picture
За време на часовите на туторската настава.
Најголема мотивација за приклучување кон оваа активност ми претставуваше работата со деца, можноста да им го пренесам моето знаење и да им помогнам да ги совладаат тешкотиите од редовната настава. 

Туторската настава што ми е доделена, ја реализирам еднаш неделно со група од десетина деца од четврто одделение. Моја задача е да ги подучувам учениците по предметите македонски јазик и математика. Оваа настава се разликува од редовната, бидејќи се работи во мали групи со не повеќе од 15 ученици. Се работи индивидуално со секое дете во зависност од неговите потреби. Овие часови не се задолжителни за учениците, но јас секогаш барам начин часовите да ги направам интересни, исполнети со различни активности преку кои учениците на еден забавен начин, со моја помош, ќе се мотивираат да ги совладаат тешкотиите во учењето. 

Со послабите ученици го совладуваме материјалот што го имаат пропуштено од редовната настава во претходните години. Секако, има ученици кои го совладуваат материјалот од редовната настава без поголем проблем, но доаѓаат и на туторската настава. Со нив го повторуваме материјалот што го учеле во редовната наставата, ги утврдуваме стекнатите знаења, но и ги прошируваме знаењата. Понекогаш подобрите ученици ми помагаат во работата со послабите. 

Работата со деца е предизвик, но и огромно задоволство. Секоја нивна насмевка, досетка и, најважно, совладана препрека, секогаш измамува насмевка на моето лице. 

- Изјава на Елена Стевковска, студент-практикант во Ромскиот Ресурсен Центар.
Picture
Тренинзи за тутори.
Ги охрабруваме сите студенти коишто немаат одлучено каде да ја реализираат својата практична настава, да се приклучат на овој проект, што најверојатно ќе продолжи и во наредните три години. Атмосферата е позитивна, има соработка со другите тутори од кои секогаш може да се добие некоја нова идеја, како и одлична соработка со координаторите на проектот. Покрај часовите со децата, се организираат и тренинзи за тутори што се одлична прилика и за оние коишто сакаат да се вработат како наставници и професори. Благодарение на проектот, туторската настава и тренинзите, може да се укажат шанси и за вработување во училиштето во редовната настава.
Известува: 
Елена Стевковска, студент на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје 
Објавено на: 
22.05.2015

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.