Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Практична настава во ДЗС 

Практична настава на студенти од Институтот за математика во Државниот завод за статистика 


Picture
Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти.

Преземено од интернет страницата на Држaвниот завод за статистика http://www.stat.gov.mk/

Во изминатата 2014 година решив својата практична настава да ја реализирам во Државниот завод за статистика. Ја реализирав за време на летниот период, па имав доволно време целосно да ѝ се посветам. 

Најголема мотивација за реализација на оваа активност ми беше пријатната и работна атмосфера. Ме сметаа како дел од целиот работен тим, ми беше обезбеден компјутер и работно биро на кое практично ми беа објаснувани работите. На почетокот ме запознаа со организацијата на Државниот завод за статистика и како тој функционира. Бев сместена во ИТ сектор каде што поголемиот дел од вработените беа математичари и програмери. Освен општите работи за работата на Заводот, научив и да програмирам во програмата SAS што се користи при табелирање на голем број податоци, а претставува основен чекор за понатамошна обработка на добиените податоци. Исто така, научив кои се предностите на некои видови анкети, како се доаѓа до сите тие податоци, какви видови грешки се јавуваат и како тие влијаат на крајниот резултат. Сите овие работи ги научив благодарение на вработените коишто несебично го делеа своето знаење и искуство. 

Мојот впечаток е многу позитивен. Јас сум многу задоволна и им препорачувам на сите кои се' уште не знаат каде да ја спроведат својата практична настава, да се пријават и да научат нешто ново и корисно.

Изјава на Милена Божиновиќ, студент-практикант во Државниот завод за статистика.

Известува: 
Милена Божиновиќ, студент на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје 
Објавено на: 
24.04.2015

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.