Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Впечатоци од практичната настава во Комерцијална банка АД Скопје 

Впечатоци од практичната настава во Комерцијална банка АД Скопје


Picture
Веќе втора година, студенти од Институтот за математика посетуваат практична настава во Комерцијална банка АД Скопје. Интересот за овој вид на практична настава е се поголем, посебно кај студентите на насоката математичка економија. Зошто е тоа така, ни сведочи изјавата на Елена Атанасовска, студент на Институтот за математика: 

Во изминатата учебна 2014 / 2015 година решив својата едномесечна практична настава да ја извршам во Комерцијална банка АД Скопје, во Секторот за односи со странство.

Комерцијална банка АД Скопје  е универзална  банка овластена за вршење на сите видови банкарски работи. Банката ги опслужува граѓаните и државата со банкарски услуги од  доменот на домашниот и платниот промет во странство. Комерцијална банка АД Скопје, исто така има раширена мрежа од 7 филијали и 36 експозитури низ земјата. Таа има воспоставено кореспондентски односи со околу 600 банки низ светот кои и овозможуваат  да врши брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти. За извршување на работите во Банката се формирани организациски единици, т.е. сектори, дирекции, служби и реферати. *)


Мојата заинтересираност  за проширување на хоризонтите од  искуства  пред  сè  беше доволно голема причина за да се нафатам за спроведување на оваа пракса. Пријатната работна атмосфера  која ме пречека уште на самиот почеток, ја зголеми кај мене и така веќе доволно големата желба за стекнување нови знаења. Вработените  во службата за платен промет во странство и девизни сметки ме запознаа со работата што всушност ја работат. При тоа успеав  да го разберам  и совладам процесот на режимска контрола за потребните  документи, за извршување на  едно плаќање, процесот на обезбедување средства и  изготвување на SWIFT порака. Учествував во поделбата на налозите за плаќање во странство на соодветниот референт, како и во примањето и испраќањето на факсот. Успеав поконкретно да ги разберам функциите на секоја од одделните служби  во Секторот за односи со странство, кој пак се состои од:
- Дирекција за платен промет со странство и девизни сметки,
- Дирекција за девизни кредити,
- Дирекција за девизни гаранции,
- Служба за SWIFT , комуникациски и коресподентски односи со странство,
- Служба за девизно книговодство.
 
Задоволна сум што имав едно такво позитивно и практично искуство. И се надевам дека во иднина ќе има се поголеми можности за практични настави од ваков вид, бидејќи  со  секоја  прифатена можност да научиме нешто ново, успеаваме да инвестираме  во самите себе.


 *) Информациите се превземени од интеренет страната: http://www.mse.mk/.​

Известува: 
Елена Атанасовска​, студент на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје 
Објавено на: 
26.11.2015

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.