Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Практична настава во СММ
Практична настава на студенти од Институтот за математика во Сојузот на математичари на Македонија
Во текот на изминатава 2014 година Сојузот на математичари на Македонија (СММ) организираше и реализираше неколку домашни и меѓународни натпревари по математика. Како резултат на долгогодишната и успешна соработка на СММ и Институтот за математика при ПМФ, Скопје, оваа година, студентите Петар Филиповски, Бесник Исмаили, Ана Наумчевска, Стево Ѓоргиев и Мартин Николовски, во рамките на својата практична настава, беа дел од организацијата и спроведувањето на натпреварите по математика.
|
Студентите-практиканти учествуваа во огранизацијата на натпреварите за основно и средно образование, кои имаат за цел да го поттикнат натпреварувачкиот дух на учениците и да ги збогатат и прошират нивните знаења по математика. Најголема чест и задоволство за студентите-практиканти беше тоа што беа дел од организацијата на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО) која оваа година се одржа во Македонија.
18-тата по ред ЈБМО се одржа во периодот од 21-26 јуни 2014 година, во Охрид, во просториите на хотел „Метропол“ во организација на СММ. На ЈБМО2014, како меѓународен математички натпревар на кој учествуваат ученици до 15,5 години, свое учество зазедоа репрезентациите на 11 држави меѓу кои се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Турција, Србија и Црна Гора. На покана на домаќинот во својство на неофицијални репрезентации на натпреварот учествуваа и репрезентациите на Азербејџан, Франција, Иран, Казакстан, Саудиска Арабија и Таџикистан. Секоја репрезентација учествуваше со максимум 6 натпреварувачи, а домаќинот со 12 натпреварувачи (една официјална репрезентација и една неофицијална репрезентација). На натпреварот учениците решаваа вкупно 4 задачи од областа на алгебра, геометрија, теорија на броеви и комбинаторика, за кои имаа на располагање 4 часа и 30 минути и секоја од нив се вреднуваше со максимум 10 бодови. Спроведувањето на самиот натпреварувачки дел од Олимпијадата беше во надлежност на организацискиот комитет, според правилата и регулативите на ЈБМО.
Задача на нашите студенти-практиканти беше секој од нив да биде „домаќин“ на по некоја или неколку репрезентации, лице за контакт кое треба да им помогне на гостите побрзо и полесно да се снајдат во новата и непозната средина за нив. Но, бидејќи составот беше исклучиво математички, не беше воопшто тешка меѓусебната комуникација, која на крајот од престојот познанствата ги претвори во пријателства.
Друга исто така важна задача која студентите-практиканти успешно ја реализираа беше запознавањето на гостите со историјата, културата и традицијата на Република Македонија, преку разговори и организирани посети и прошетки низ неколку градови - Охрид, Битола, Прилеп и Крушево, каде беа посетени охридските Самоилови тврдини, охридскиот манастирски комплекс “Св. Наум”, битолскиот локалитет Хераклеа, битолскиот Широк Сокак, прилепскиот парк посветен на 11 Октомври, крушевскиот меморијален центар посветен на Тоше Проески.
Посебно обележје како и вообичаено, така и на оваа ЈБМО и даде свечената церемонија на која се доделија наградите за најуспешните, во вид на медали и пофалници. Според правилата на ЈБМО медали се доделија на 2/3 од учесниците од официјалните 11 репрезентации во однос 1:2:3. Првата група се закити со златни медали, втората сребрени и третата група со бронзени медали. На оваа церемонија и тројцата наши наградени натпреварувачи се закитија со своите бронзени медали.

„Наша е честа и задоволството што имаме можност да учиме од најдобрите. Стекнувањето на способностите и вештините за организирање и спроведување на ваков тип настани од интерес на популаризација на математиката, се значајни и драгоцени за сите нас како идни математичари.“ – заеднички истакнуваат студентите-практиканти. Задоволни од текот на овогодишната практична настава во СММ, студентите планираат да учествуваат во активностите организирани од СММ и во текот на следната 2015 година, кога се очекува вклучување и на други студенти од Институтот за математика во овие активности.
Известуваат:
Петар Филиповски и Стево Ѓоргиев, студенти на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје
Објавено на:
29.12.2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ