Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Впечатоци од практичната настава во Комерцијална банка АД Скопје
Искуство од практичната настава во А1 Македонија како дел од програмата A1 WayUp
Една од поновите компании каде студентите од Институтот за математика посетуваат практична настава е компанијата А1 Македонија. За искуството од практична настава во А1 Македонија, ни сведочи изјавата на Ангела Здравковска, дипломиран математичар, поранешен студент на Институтот за математика, која како апсолвент посетуваше практична настава во А1 Македонија:
Во август, минатата година (2021) се пријавив на повикот на A1 Македонија за првата генерација на A1 WayUp, практикантска програма за млади кои се при крај со своите студии или кои штотуку ги завршиле и сакаат да се стекнат со работно искуство. Одлучив да се пријавам за една од позициите – Data Analyst бидејќи привршував со моите студии на Институтот за математика и повикот беше наменет токму за дипломци. Исто така, ми се допадна тоа што програмата A1 WayUp предвидува менторска поддршка и обуки за атрактивни дигитални вештини. Секако, ме привлече и можноста за идна кариера поврзана со работа со податоци, кои во голема корпорација како A1 ги има во изобилство.
Со мојата практична работа започнав во Одделот за развој и знаење на службата за корисници. Покрај динамичноста на одделот, многу брзо се почувствував прифатена од колегите во своето опкружување. Планот за мојата работа и развој беше целосно осмислен и поддржан од ментор, а најпрво се запознав одблиску со работата на агентите од Контакт центарот за корисници и Одделот за поплаки што сметам дека значително ми го доближи поимот за корисничко искуство и ми помогна да остварам првични познанства на работното место.
Меѓу првите задачи ми беше обработка и анализа на извештаите за продажбите на Одделот за телефонски продажби и Live Shop (онлајн) продажби, што воглавно се состоеше од работа во Excel. Но, добив слобода да го искористам моето претходно искуство со VBA во Excel, со кое се стекнав за време на моите студии на Институтот за математика и да креирам алатки за обработка на извештаите и автоматизирање на некои проверки според потребите на нашите тимови. Покрај интерните предавања и обуки за корпоративниот начин на работа и работата со Data во А1 Македонија, бев вклучена во обука за Power BI, одржана од надворешен предавач, по што активно почнав да ја користам и оваа алатка за приказ и анализа на месечни извештаи. Податоците започнав да ги обработувам во Python, со кој имав некое претходно искуство, но продолжив да учам со сопствено темпо, согласно потребите на моите задачи. За време на мојата практична работа добив можност и да присуствувам на надгледувањето и подобрувањето на Machine Learning модел за предвидување на измами (Fraud Prediction) како аналитичар на податоци.

Во април оваа година мојата практикантска работа заврши и повеќе не бев практикант, туку вработена во А1 Македонија, на позицијата Помлад аналитичар на податоци за машинско учење. Покрај редовните задолженија, во процес сум на изработка на ML модел за класификација.
Задоволна сум од искуството во A1 како мое прво, посериозно практикантско и работно искуство. Се здобивам со доменско знаење од областа на телекомуникациите, како и со знаење од областите на маркетинг, финансии итн. при соработка со колегите од другите оддели. Сметам дека можноста да се искуси корпоративната култура и да се погледнат одблиску механизмите кои движат еден успешен бизнис со огромен пазар е голема предност за секој млад човек.
Забелешка од Раководителот на Центарот за кариера: A1 WayUp - Generation '22 огласот за платена пракса за 2022/2023 година е отворен до 15 јули 2022. Огласот се наоѓа во Огласите за пракса на Центарот за кариера.

Известува:
Ангела Здравковска, дипломиран математичар, поранешен студент на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје
Објавено на:
10.7.2022

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ