Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Вести и соопштенија > Работилница „Предприемништво и апликативна дејност во природните науки“

Работилница „Предприемништво и апликативна дејност во природните науки“


Драги студенти,

Центарот за кариера на ПМФ, на 16 јуни 2015 година (вторник) со почеток во 10 часот во Амфитеатарот на Институтот за физика, организира работилница со наслов

„Предприемништво и апликативна дејност во природните науки“ 

На работилницата ќе одржат предавања истакнати експерти од областа на предприемништвото:

  • Д-р. Љубиша Николовски (Агенција за поддршка на предприемништвото на РМ) и
  • Симон Аврамовски (Извршен директор во консалтинг компанијата Поинт Про Консалтинг Скопје),
како и
  • проф. Д-р. Трајче Стафилов од Институтот за хемија и
  • доц. Д-р. Ристе Попески-Димовски од Институтот за физика. 

Организацијата на работилницата е поткрепена од Регионалниот центар за поддршка на предприемничките компетенции за земјите на Југоисточна Европа, од Загреб, Р. Хрватска.

Работилницата е наменета за студентите и вработените на Факултетот. Целта на работилницата е да се отпочне со дебата за важноста на апликативната дејност во природните науки и потребата од предприемничко образование, заради поуспешно вклучување на студентите во економските текови на општеството.

Затоа, ве покануваме и ви препорачуваме да присуствувате на оваа работилница. 

Програма на работилницата

Со почит, 
доц. д-р Ирена Стојковска 
Центар за кариера на Институтот за математика 
11 јуни 2015 година 

Извештај од работилницата: Претприемништво на Пмф – ДА ! 

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.