Центар за кариера > Вести и соопштенија > Претприемништво на ПМФ - ДА!
Претприемништво на ПМФ – ДА !
Кога ќе се спомне зборот претприемништво на сите ни звучи познато. Но, ретко кој го знае неговото теоретско значење, а уште помалку што тоа значи во практиката. Во ова време во кое живееме, да се биде добар претприемач е најважниот чекор до постигнувањето на успех, но колку ние младите сме запознаени со тоа?
Конкретно ние студентите од Природно – математичкиот факултет, се водиме од мислата дека нашите студии не се поврзани со бизнисот, особено не со претприемништвото, па се концентрираме само на полето кое сме го избрале. Настојуваме да станеме експерти во она што го учиме, и всушност не знаеме како да бидеме експерти во работата. |
Претприемништвото претставува процес на откривање можности и преземање активности (ризик) за реализација на тие можности, со рационална употреба на ресурсите. Она по што се разликува претприемачот од обичниот човек е тоа што тој прави работите да се случат, наместо да чека да се случат, дава јасни инструкции, наместо да чека на истите и секогаш ја презема ситуацијата во свои раце за да ги реши проблемите. Кога еден млад човек, денес, би знаел барем неколку основни работи за водењето бизнис, за снаоѓањето во еден бизнис, тогаш за него барањето на работа би било многу поедноставно, дури и отворањето на своја фирма и станувањето лидер и експерт во таа област. Недостигот на информации од ваков тип на нашиот факултет, а верувам и на многу други, претставува еден вид хендикеп затоа што го завршуваме факултетот со многу знаење и голем потенцијал, но без правилна насока како да го искористиме тоа. Кога завршуваме со школувањето излегуваме надвор во реалниот свет и гледаме дека се наоѓаме на “бојно поле”. Сите се борат, но само неколку успеваат. Главната карактеристика која ги одделува оние неколкуте кои успеваат, од оние кои само се обидуваат, не се само добрите оценки и она што го научиле на факултет, туку нешто што се вика претприемачка способност- желбата и храброста да се преземаат ризици и надежта за остварување на големи резултати.
Ако само мирно се седи и се пишува за она што ни недостасува и понатаму ништо нема да се промени. Затоа нашиот факултет од неодамна се вклучи во една активност со помош на која се промовира значењето на претприемништвото и би требало да резултира со воведување на ваков изборен предмет на нашите студии. Како дел од таа активност на 16 јуни оваа година, на ПМФ се одржа работилница со наслов :,,Претприемништвото и апликативна дејност во природните науки” организирана од Центарот за кариера на ПМФ. Организацијата на работилницата беше поткрепена од Регионалниот центар за поддршка на претприемничките компетенции за земјите на Југоисточна Европа (SEECEL - South East European Centre for Entrepreneurial Learning), од Загреб, Р. Хрватска. Присуствуваа студенти, професори и останати вработени во факултететот, а своето знаење и искуство со нас го споделија истакнати експерти од областа на претприемништвото :
1. Доц. Д-р. Љубиша Николовски од Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија; Раководител на центар за институционална поддршка и трансфер на знаење, со темата ,, Почетните бизниси и нивната поддршка “
2. Дипл. Инж. Симон Аврамовски, извршен директор во консталтинг компанијата ПоинтПро консталтинг Скопје, со темата ,,Креирање нови бизнис потфати”
3. Проф. Д-р. Трајче Стафилов, професор при институт за хемија, ПМФ, УКИМ, СКОПЈЕ, со темата ,,Претприемништвото и природните науки”
4. Доц. Д-р. Ристе Попески- Димовски, професор при институт за физика, ПМФ, УКИМ, СКОПЈЕ, со темата : ,, Иновација или откритие”

После предавањата следеше коктел за сите присутни, организиран од домаќинот, за на крајот сето тоа да се заврши со јавна дебата на која беа изнесени впечатоците, а се дискутираше и кои мерки да се преземат во иднина за да ни се доближи на нас, студентите, значењето на претприемништвото.
Оваа работилница го претставува само првиот чекор кон претприемништвото на ПМФ. Научивме доста нови работи, дефиниравме нови поими за кои само сме слушнале, но не сме ги разбрале и заклучивме дека, грубо кажано, се околу нас, денес, претставува бизнис. Најважно е тука да не се запре. Ваквите активности треба да продолжат и понатаму. Ние како студенти, веруваме дека воведувањето на ваков предмет на нашиот факултет би ни било од голема корист за понатамошната кариера. Иако на почеток можеби би било чудно и многу би се прашувале зошто таков предмет на факултет кој создава научници, сметаме дека порано или подоцна на секој може да му затреба знаење од оваа област.
Во контекст на се претходно кажано, ние студентите ја поддржуваме идејата за изучување на претприемништвото и не ја отфрламе можноста дека, без разлика на тоа од каков факултет доаѓаме, еден ден би можеле да отвориме своја фирма. Во ова, а и во животот, не треба никогаш да велиме не можам. А знаете ли зошто?
Бумбарот со своите крилја зафаќа површина од 0,7 cm² со тежина од 1,2 грама. Според познатите аеродинамични закони во ваков сооднос не може да се лета. Меѓутоа бумбарот не го знае тоа. Тој едноставно лета. Во се што работиме, треба да мислиме на бумбарот. Ништо не е невозможно. Оној кој го вели тоа самиот си поставува граници. А добриот претприемач знае- еден од најголемите ризици во животот е никогаш да не ризикуваш.
Извори:
[1] Доц. Д-р. Љубиша Николовски, Почетните бизниси и нивната поддршка, презентација на работилницата „Претприемништвото и апликативна дејност во природните науки“
[2] Дипл. Инж. Симон Аврамовски, Креирање нови бизнис потфати, презентација на работилницата „Претприемништвото и апликативна дејност во природните науки“
[3] Проф. Д-р. Трајче Стафилов, Претприемништвото и природните науки, презентација на работилницата „Претприемништвото и апликативна дејност во природните науки“
[4] Доц. Д-р. Ристе Попески- Димовски, Иновација или откритие, презентација на работилницата „Претприемништвото и апликативна дејност во природните науки“
[5] Изучување на претприемништво на техничките факултети - ДА или НЕ?, есеј на студентите од ПМФ вклучени во проектот за претприемништво SEECEL
Известува: Марија Илиевска, претставник од редот на студентите на Институт за математика во проектот за претприемништво SEECEL
Објавено на: 19.08.2015

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ