Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Практична настава > Огласи за пракса > Огласи за пракса (Архива)

Огласи за пракса (Архива)

  • A1 WayUp - Generation '22 оглас за платена пракса
    Компанијата А1 Македонија е во потрага по 18 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: Data analytics, Product development, IT & Technology, Sales Chanel development, Infrastructure & Cloud и Network engineering. Програмата е платена и трае една година, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Периодот за аплицирање трае од 15 јуни до 15 јули 2022 година, а се аплицира онлајн со пополнување на еден од формуларите на следниот линк.
    (објавено на: 16 јуни 2022)
  • Практична настава во Народна банка на Република Северна Македонија
Студентите кои студираат во Република Северна Македонија и во странство може да поднесат пријава за вршење практична работа која е во доменот на работата на организациските единици во Народната банка. Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август, 2022 година. Рок за аплицирање: 10 мај 2022 година. Повеќе информации на следниот линк.
(објавено на 12.4.2022)
  • A1 WayUp оглас за платена пракса
    Компанијата А1 Македонија е во потрага по 8 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, со познавање од областа на Data science и Data analytics кои во А1 Македонија ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, практична работа и искуство. Програмата е платена и трае една година. Периодот за аплицирање трае од 12 август до 3 септември 2021 година, а се аплицира онлајн со пополнување на еден од формуларите на следниот линк.
    (објавено на: 25 август 2021)
  • CRANFIELD FOUNDRY оглас за платена пракса
    Компанијата CRANFIELD FOUNDRY објавува оглас за платена пракса за тековни или дипломирани студенти на математика. Рокот за пријавување е до 1 март 2020 год. Повеќе информации за праксата и начинот на пријавување на следниот линк.
    (објавено на: 21 февруари 2020)
    Пријавувањето е продолжено до 15 март 2020 год.
    (објавено на 28 февруари 2020)
  • Mobile Marketing & Analytics Academy (Crazy Labs)
    Компанијата Crazy Labs објавува оглас за учество во Mobile Marketing & Analytics Academy која ќе се реализира во периодот 23-26 декември 2019 год. Рокот за пријавување учество е до 16 декември 2019 год. Повеќе информации на следниот линк: https://www.crazylabs.com/career/mobile-marketing-analytics-academy-ea31f/.
    (објавено на: 6 декември 2019)
  • Конкурс за постдокторант од областа на нумеричка механика (Ријека, Хрватска)
    Градежниот факултет при Свеучилиштето во Ријека, Хрватска распишува конкурс за постдокторант од областа на нумеричка механика. Повеќе информации на следниот линк.
    Објавено: 4 ноември 2019
  • ​Конкурс Erasmus + 2019 / летна студентска пракса ​
    ​(објавено на 5.3.2019)
  • Оглас за практиканти во Одделот за ревизија во компанијата PwC
Компанијата PwC бара практиканти во Одделот за ревизија. Практикантите може да се апсолвенти или дипломци на Институтот за математика при ПМФ, Скопје и не мора да имаат претходно искуство. Заинтересираните да се јават во Центарот за кариера (кај проф. д-р Ирена Стојковска), но истовремено и да ја пополнат формата за апликација на следниот линк (каде може да најдат и повеќе информации за оваа пракса): 
https://www.pwc.com/mk/en/careers/job-search/description.html?wdjobid=JOB_POSTING-3-12413&wdjobreqid=19353WD&wdcountry=MKD&wdjobsite=Global_Campus_Careers  
Краен рок за аплицирање 5.10.2018. Повеќе информации за овој оглас тука.
(објавено на 03.10.2018)
  • Платена практична настава во SigmoidGroup
Компанијата SigmoidGroup бара студенти, кои би учествувале во изработка на материјали по математика за глобална едукативна платформа. Заинтересираните студенти може да аплицираат со резиме на следната адреса: [email protected] најдоцна до 20.06.2018. Има можности ангажманот на студентите да биде во рамки на нивната задолжителна практична настава.
​Леток SigmoidGroup (pdf) 
(објавено на 08.06.2018)
  • Студентска пракса во Сигма-СБ
    Компанијата Сигма-СБ распишува оглас за практична настава во времетраење според барањето на факултетот. За време на праксата обезбедено е менторство и работна околина. По завршување на праксата можен е и дополнителен ангажман или вработување на работно место програмер за изработка на апликација која ќе ги користи истите технологии. Повеќе информасии на следниот линк.
    (објавено на 30.11.2017)
  • Практиканти во компанијата KPMG​
Компанијата KPMG бара практиканти за период до шест месеци. Крајниот рок за аплицирање е 31 јули 2016 година. Повеќе информации за позицијата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк http://www.fakulteti.mk/news/16-07-08/kpmg_audit_and_tax_internship_programme.aspx.

Центар за кариера на Институтот за математика
16.07.2016
  • Практиканти во одделот за ревизорски услуги во компанијата PwC
​Компанијата PwC бара практиканти во одделот за ревизорски услуги. Кандидатите треба да се апсолвенти или дипломци на Инстититутот за математика при ПМФ, Скопје. Претходно работно искуство не е потребно. Крајниот рок за аплицирање е 31 мај 2016 година. Повеќе информации за позицијата и начинот на аплицирање може да најдете тука.

Центар за кариера на Институтот за математика
16.05.2016
  • Целосни стипендии за докторски студии на Aston University UK
Aston University UK нуди три целосни стипендии за докторски студии од областа на Multi-agent Systems, Machine Learning и Computer Vision. Апликантите треба да се силно мотивирани студенти со дипломи или магистерски од објаста на комјутерски науки, инженерство, математика или сродни дисциплини и да поседуваат одлични програмерски и аналитичко-математички способности. Повеќе информации за студиите и аплицирањето на http://maria-chli.org/vacancies.html. Краен рок за аплицирање 17 април 2016 год.

Центар за кариера на Институтот за математика 
11.04.2016
  • Пракса во УНФПА, Њујорк, САД
УНФПА нуди едногодишни стипендии за млади иноватори. Рокот на пријавување е 22 февруари 2016 година. Повеќе информации на http://www.unfpa.org/jobs/young-innovators-fellowship-programme-management-positions-new-york#.

Центар за кариера на Институтот за математика 
01.02.2016
  • Летна пракса на Институтот за наука и технологија во Австрија
Институтот за наука и технологија во Австрија нуди летна пракса за додипломци и постдипломци од областа на математиката и комјутерските науки. Рокот на пријавување е 15 февруари 2016 година. Повеќе информации на http://ist.ac.at/research/internships/.

Центар за кариера на Институтот за математика 
01.02.2016
  • Летна пракса во Центарот за интернет и општество „Беркман“ при универзитетот „Харвард“, САД
Центарот за интернет и општество „Беркман“ при универзитетот „Харвард“ нуди летна пракса за додипломци, постдипломци и докторатнти и работа на широк спектар од проекти. Рокот на пријавување е 12 февруари 2016 година. Повеќе информации на https://cyber.law.harvard.edu/getinvolved/internships_summer.

Центар за кариера на Институтот за математика 
01.02.2016
  • Меѓународна пракса (Русија) 
Компанијата Encounter Russia од Русија, нуди пракса за студенти како тутори (Teacher Intern). Туторот треба да го изведува туторството на англиски јазик, а при тоа може да ги подучува учениците математика. Праксата е минимум 3 месеци. Краен рок за апликација е 31.12.2015 год. Повеќе информации на http://www.encounterrussia.com/our-programs.html.

Центар за кариера на Институтот за математика 
28.04.2015
  • On-line пракса во Hey Success 
Компанијата Hey Success има распишано оглас за пракса за студенти. Праксата е со траење од 8 недели и се одвива од дома. Краен рок за апликација е 31.12.2015 год. Повеќе информации на http://www.heysuccess.com/opportunity/HeySuccess-Internship-Challenge-(online-internship)-6702.

Центар за кариера на Институтот за математика 
28.04.2015
  • Fulbright Program Competition за учебната 2016-2017 академска година 
Ве известуваме дека е распишан конкурсот за Fulbright-овата стипендија за учебната 2016-2017 академска година. Краен рок за апликација е 01.11.2015 год. Повеќе информации на http://kariera-im-pmf.weebly.com/fulbright-2016-2017.html.

Центар за кариера на Институтот за математика 
19.06.2015
  • Пракса во "Insurance Europe", Белгија
"Insurance Europe", Белгија бара практиканти со завршени студии по математика. Краен рок за апликација е 02.10.2015 год. Повеќе информации на http://www.fakulteti.mk/news/15-09-22/praksa_vo_insurance_europe_belgija.aspx.

Центар за кариера на Институтот за математика
22.09.2015 
  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на Тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во Р.Македонија
Ве известуваме дека и за оваа учебна година Ромскиот Ресурсен центар распиша оглас за Тутори за реализација на туторска поддршка на учениците роми. Краен рок за апликација е 22.09.2015 год. Повеќе информации во документот javen oglas_tutori 2015.doc, а заинтересираните за туторската поддршка треба да ја пополнат следната пријава при аплицирање prijava_tutori.doc.
Од дневниците на практичната настава: Туторска поддршка на учениците Роми

Центар за кариера на Институтот за математика
14.09.2015 
  • Пракса во ЕВН Македонија 
Компанијата ЕВН Македонија има распишано оглас за пракса за студенти. Краен рок за апликација е 31.05.2015 год. Повеќе информации на http://www.fakulteti.mk/news/15-04-06/oglas_za_praksa_vo_evn_makedonija.aspx.

Центар за кариера на Институтот за математика 
28.04.2015

  • Отворен оглас за практикантска работа во ГИМ 
http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/otvoren-oglas-za-praktikantska-rabota/19642
Објавено: 23 јануари 2015 год.

  • Јавен повик до дипломираните и апсолвентите со висок просек од Вардарскиот плански регион 
http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/oglas.pdf
Објавено: 15 декември 2014 год.

  • Конкурс за стипендии за кратки студиски престои (Велика Британија) 
Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2015 година за млади истражувачи од Република Македонија доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научноистражувачки институции во Велика Британија. Краен рок за аплицирање е 20.02.2015 год. Повеќе информации на http://stipendii.mon.gov.mk/rsslink/-/asset_publisher/9y5J/blog/id/4446039.

Центар за кариера на Институтот за математика 
14.11.2014

  • Меѓународна пракса (Холандија) 
Компанијата Gas Terra од Холандија, најголемиот снабдувач на природен гас во Европската унија, нуди пракса за студенти. Праксата за студентите на математика треба да биде насочена кон позиции во оделот за истражување и развој на компанијата, контролори, бизнис аналитичари и слично. Краен рок за апликација е 31.12.2014 год. Повеќе информации на http://www.fakulteti.mk/news/14-09-16/vrabotuvanje_vo_gas_tera_holandija.aspx.

Центар за кариера на Институтот за математика 
27.10.2014

  • Меѓународна пракса (Белгија) 
Компанија од Белгија нуди пракса за студенти од завршните години на студии по математика. Праксата е од областа на статистиката и анализа на податоци. Краен рок за апликација е 01.12.2014 год. Повеќе информации наhttp://www.iaeste.org.mk/unusedoffers/offer.aspx?REF_NO=BE-2015-UGE001.

Центар за кариера на Институтот за математика 
20.10.2014

  • Меѓународна пракса (Bank of America Merrill Lynch) 
Компанијата Bank of America Merrill Lynch, нуди пракса која би се реализирала во летото 2015 и е за студентите од завршните години, кои се очекува да дипломираат во 2016 година. Краен рок за аплицирање е 23.11.2014 год. Повеќе информации на https://atsv7.wcn.co.uk/search_engine/jobs.cgi?owner=5030298&owner&jcode=1431514&vt_template=697&adminview=1.

Центар за кариера на Институтот за математика 
31.10.2014

  • Пракса во ИНТЕР ДАНГОВ 
Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти, кои ќе имаат можност да се здобијат со практично знаење за тоа како функционира една online компанија. Краен рок за апликација е 21.11.2014 год. Повеќе информации на http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/konkurs-za-praksa/17694.

Центар за кариера на Институтот за математика 
29.10.2014

  • Можност за средба со тимот на човечки ресурси на ПроКредит Банка 
ПроКредит Банка закажува средба меѓу тимот на човечки ресурси на ПроКредит Банка и идните потенцијални практиканти и вработени. Средбата е закажана за 31.10.2014 год. Повеќе информации за пријавувањето за средбата на http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/mozhnost-za-sredba-so-chovechki-resursi-vo-prokredit-banka/17650.

Центар за кариера на Институтот за математика 
29.10.2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.