Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Аналитичар за операциони истражувања 

Аналитичар за операциони истражувања


Операционите истражувања (ОИ) се меѓудисциплинарна гранка од математиката која користи математички методи за донесување на подобри одлуки. Аналитичарите за ОИ им помагаат на компаниите да ги координираат своите активности на најефикасен начин, применувајќи научни методи и математички принципи при решавањето на ваквиот вид организациони проблеми - како да се сработи работната задача побрзо или поеврино, поквалитетно или поефикасно. Понекогаш ОИ аналитичарите доаѓаат до нови методи, пристапи за решавање на конкретниот проблем. 

Аналитичарите за ОИ со користење на математички модели го претставуваат конкретниот проблем, а потоа со помош на оптимизациони методи наоѓаат оптимално, или приближно оптималнo решение. Најчесто оптимизацијата се изведува во насока на минимизирање на трошокот и максимизирање на профитот. Некои од работните задачи на ОИ аналитичарите се: изработка на распореди (часови, автобуски линии, спортски настани), одржување на инвентарот, менаџирање со ресурсите (човечки, материјални), донесување одлуки (безбедност, инвестиции). За повеќе информации види на Consider an Analytics/OR Career. За појаснување на областа оди на Што се операциони истражувања?

Основни познавања од математичко моделирање и оптимизација (математичко програмирање) се стекнуваат на првиот циклус студии по Математичко програмирање, додека продлабочени знаења од оваа област може да се стекнат на вториот циклус студии по Нумеричка оптимизација и апроксимации.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.