Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Универзитетски професор
Универзитетски професор
Математичките знаења акумулирани во текот на годините, најдобро доаѓаат до израз во професијата универзитетски професор од областа на математиката и математичките науки. Одговорноста за реализирање на наставата по доделените наставни предмети му дава можност на универзитетскиот професор не само да ја креира самиот содржината на предметот, туку и да креира нови предмети заедно со наставниот колегиум на факултетот, па и нови студиски програми, откако претходно согледале дека општеството има потреба од истите. Успешните универзитетски професори при презентирање на математичката теорија пред студентите, секојпат наоѓаат нов и интересен начин за изложување на оддамна откриените математички законитости, нивна примена кај другите науки, како и примена во секојдневниот живот. Универзитетските професори преку менторство во изработка на семинарски, дипломски работи, магистерски работи, докторски дисертации ги воведуваат студентите во научните истражувања. Најголемиот број на научници во светот се универзитетски професори, кои допринесуваат во развојот на науката, и општеството во целост.
Соработката на универзитетските професори со компаниите од стопанството е од огромно значење за развојот на општеството. Преку учества во заеднички проекти, спроведување на семинари, тренинзи и предавања пред вработените во компаниите, од интерес на самите компании, универзитетските професори помагаат во подобрата информираност и доквалификацијата на кадрите, со што се зголемува продуктивноста на компаниите. Од друга страна, проблемите со кои се соочуваат компаниите, претставуваат научен предизвик достоен за разгледување. Универзитетските професори често учествуваат во тимовите кои ги решаваат проблемите на компаниите.
Докторите на математички науки, звање кое се стекнува со завршувањето на третиот циклус студии по математика, се потенцијалните идни универзитетски професори од областа на математиката и математичките науки.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ