Центар за кариера > Алумни на ИМ > Кариерите на нашите математичари > Што работат математичарите во Македонија
Што работат математичарите во Македонија
„Математиката ги открива своите тајни само на оние кои ѝ пристапуваат со чиста љубов заради нејзината убавина.“ - Архимед
Кога луѓето ќе слушнат дека студирате математика на Природно – математичкиот факултет во Скопје, првата асоцијација поврзана со вас, им е дека вие сте кандидат за иден професор по математика. „Мило ми е што познавам некој кој во иднина ќе го учи моето дете, знаете, математиката никогаш не ни била најдобра страна.“ е фразата која најчесто следува како реплика на нашиот одговор. Генералната слика за студентите кои студираат математика, во голема мера е вистинита. Навистина, нашите кадри релативно лесно и брзо успеваат да најдат работа во образованието, бидејќи низ годините сѐ понагласена е потребата од нови кадри по голем дел од предметите. Работата со децата од најмала возраст, средношколците и студентите е богатство кое вечно го одржува младиот дух, носи посебно чувство на гордост и задоволство во процесот на оформување на личноста на секој од младите поединци, но често знае да биде многу напорна и за жал, недоволно вреднувана и почитувана, особено во нашата држава. Природно – математичкиот факултет нуди и неколку други наставни смерови, различни од наставниот. Средношколец кој е добар по математика, често се решава да продолжи во областа на програмирањето, техничките факултети или пак примената на математиката ја бара во странските држави со многу поразвиени индустрии и далеку поголеми можности за работа. Дел од нив, студирањето го продолжуваат на нашиот факултет, на насоките од областа на теориската и применетата математика. Честопати читаме и пишуваме статии за тоа што може да работи еден математичар, покрај основната работа во образованието. Математиката е една од професиите која станува движечка сила во последната декада, високо котирајќи на листите на најперспективни професии (неретко и на првата позиција). Овие ранг листи се правени судејќи според состојбите во најнапредните држави, државите со врвни индустриски, банкарски, IT сектори итн. Низ годините, од ПМФ произлегле кадри кои работат успешно вон образовниот сектор, низ целиот свет. Во млада држава како Македонија, работите се менуваат многу побавно отколку во поразвиените држави. Често сме се среќавале со случаи во кои фирмите не можат да ја препознаат потребата од математичарот, па се одлучуваат да одберат кандидат со различен профил, само затоа што во наставната програма не биле опфатени некои „зборчиња“ етикетирани како главен фактор при одбирањето на кандидатот. Големиот број на податоци во модерниот свет, бараат многу повеќе аналитичари, многу повеќе логичари, лица обучени да размислуваат математички, за да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат. Токму оваа потреба од вакви кадри на македонскиот пазар, носи нови промени кои посебно се воочливи во последните години. Ако само пред една деценија, многу дипломирани студенти надвор од наставната насока, наидуваа на затворени врати во гореспоменатите сектори и беа приморани да се доусовршуваат за да продолжат во образованието, ситуацијата полека се променува. Ако некогаш врз кадрите од применетите насоки се гледаш со доза на недоверба, како резултат на недоволната афирмираност на смеровите, малиот број на студенти, давањето предност на студентите од факултети со слични насоки, во последната декада, математичарите конечно добиваат прилика да покажат и докажат дека тие треба да бидат движечка сила во најразна низа од предизвикувачки задачи, типични за модерното време.
Зарем добар математичар не може да биде правилниот избор за позициите во кои се прават анализи, се носат одлуки за одобрување кредити и заеми, се носи одлука за склучување на некаков тип на осигурителна полиса, се врши предвидување за одобрување на одредено портфолио, за позициите од IT секторот поврзани со backend програмирање?
Одговорот на овие прашања оставаме да биде донесен од споделените искуства на еден дел од нашите студенти, дипломирани во последниве години, кои успешно се носат надвор од образованиот сектор. Што работат овие дипломирани студенти? Со какви предизвици се соочуваат? Колку математиката им помогнала во решавањето на работните задачи? Многу поважно, ова се примери за млади умови кои останале во Македонија, што е предизвик сам по себе.

Data Science е областа која несомнено е и ќе биде, број еден предизвик за младите умови низ целиот свет. Ќе ви претставиме мал дел од нашите математичари, кои успешно се носат со предизвиците од оваа област во Македонија.
Алтај Саид е дипломиран математичар на ПМФ, од генерацијата 2010-2014та, на насоката „Применета математика - математичка економија“, кој работи како аналитичар на податоци во успешната американска компанија Slice, која работи во Македонија:
„ПМФ ме опреми со клуч кој ми отвори врати каде и да се насочам. Мојата приказна по завршувањето на факултетот започна во start-up-от Systems for Enterprise каде што логичкото размислување ми го донесе кредибилитетот да дизајнирам софтверски решенија и истите да ги презентирам пред инвеститори.“
По оваа кратка авантура, Алтај се решил да се дообразува на мастер студиите на еминентниот факултет ЕТХ во Цирих, во областа на актуарството, но набргу се враќа во Македонија:
„За жал, после 3 семестри пројдени на ЕТХ, не успеав да ги исполнам нивните критериуми. Се најдов себеси во позиција да започнам одново, и од таа причина, мораше да се реагира во истиот момент. Не можев да замислам колку лесна транзиција ќе ме очекува.
Запливав во полето на Data Science. Солидните темели од математиката, во комбинација со неколку курсеви од Udemy, запливувањето, за два месеци го претворија во нуркање, за еден месец подоцна и да се вработам во Slice, како Data Analyst.
Data Science е маестрално поле, во кое ние, математичарите, може да цутиме со полн елан. Тоа е индустрија која ги комбинира математиката, програмирањето и бизнис разбирањето. Сите овие три полиња се клучни за солиден data scientist.
Студиите на ПМФ ме подготвија да знам да учам. Тоа ме прави среќен, но и сигурен, дека утре нема нешто толку комплицирано што не може да се разложи и да се усвои.
Математичкото размислување е од непроценлива убавина, начин на перцепција кој што останува со вас и откако теоремите ќе изветреат.
Бидете Математичари! “.

Дел од уште една странска компанија од оваа област е и Марко Карбевски, студент кој го започна студирањето на ПМФ, но продолжи и дипломираше во Франција на насоката „Теориска математика“. Марко е дел од компанијата Sorsix во Скопје:
„Имам завршено студии по „Теориска математика“ и работам во доменот на машинско учење и анализа на податоци (Data Science) vo Sorsix. Моите дневни задачи вклучуваат изработка на предиктивни модели како и совети за клиентите, врз база на нивните податоци. Освен аналитичноста, една од главните придобивки од студиите по математика е тоа што ми овозможи потемелно разбирање на моделите кои секојдневно ги користам, а со тоа и нивна поефикасна имплементација. “.
Марко ги поттикнува идните дипломирани математичари да се посветат на областа опфатена во Data Science:
„Станува збор за поле кое нуди широк дијапазон на можности, како за вработување и ценетост, така и за изложеноста пред интересни задачи кои потекнуваат од најразлични области (здравство, маркетинг, хемија, банкарство,...). Нема да ви е досадно 😃. “.

Катерина Јангеловска е уште еден дипломиран студент од последните генерации која работи во областа Data Science и тоа во компанијата Data Masters:
„Како дипломиран инженер по математичка економија, благодарение на оваа хибридна програма, се стекнав со различни вештини од математика, економија, финансии и програмирање, каде што добив одлична основа за пристапување и решавање на проблеми од различни области. Токму оваа насока ми помогна да се вклопам во една од најатрактивните науки денес, а тоа е Data Science. Работам како Data Scientist во Data Masters. Осврнувајќи се на стекнатото знаење од факултетот, успешно се справувам со секојдневните предизвици и активности, како анализа на податоци и изработка на модели за предвидување. “.

„Гејминг“ индустријата е една од најпредизвикувачките и најинтересните, со оглед на тоа што голем дел од младите се „заразени“ со играње на игри. Ѓорѓи Митески е дел од оваа индустрија, како аналитичар за мобилни игри (Game Data Analyst) во водечката компанија Crazy Labs, која има преку 3,5 милијарди глобални преземања, што ја прави компанијата топ 10 на сите времиња во однос на преземањата на апликации на Android и iOS:
„Мојата работа како аналитичар бара математички и аналитички вештини, бидејќи ги разложувам и групирам податоците, ги идентификувам начините на кои нашите играчи ги користат функционалностите, ги забележувам и мониторирам трендовите и преку анализа на точките на фрустрација, предлагам решенија за да ги задржиме корисниците што е можно подолго на апликацијата, како и да најдеме начини да ја максимизираме нивната бројка.
Завршувањето на математичкиот факултет ми даде темелен пристап и добри аналитички вештини да им пристапам на деловните прашања од повеќе различни агли и да можам да ги трансформирам податоците во информации и решенија. Исто така, математиката ми ја даде потребната упорност во процесот на решавање на проблеми како и јасно и концизно стурктурирање на резултатите со цел полесно разбирање.“.

Во сосема друга насока, Џонсон Мети е британска компанија, која произведува катализатори, а беше отворена во индустриската зона Бунарџик, во 2010 година. Во последните 5 години, дел од оваа компанија е и Милица Јовановиќ, дипломиран студент на насоката „Математичко програмирање“. Милица, во овој краток временски период, напредна за неколку нивоа, доаѓајќи до PGM (Platinum Group Metals) координатор:
„Накратко, мојата работа се заснова на контрола и обработка на благородните метали (PGM група или поточно Pt, Pd и Rh), кои се користат во производсвтениот процес на катализатори за дизел возила. Контролата е воспоставена на високо ниво, до mg, бидејќи цените на овие метали се високи, од 20 до 200 фунти по грам. Во најголем дел од времето, податоците се обработуваат во ексел, но користиме и друг систем – SAP системот. Во делот од програмата на факултет, го изучувавме Visual Basic, па истиот ми се најде при работата со ексел, за да направам усовршување на поставените темплејти и процедури, како и за креирање и автоматизирање на нови или постоечки форми и процедури. Целта, секогаш е лесна и брза обработка на поголемо множество податоци, па делот од програмирањето кој го изучувавме, ми помогна лесно да ги совладам алгоримите со посложени услови, за полесна обработка на податоците. “.

Во последниот период е актуелно креирањето на новите цени на електричната енергија. Во енергетскиот сектор работат двајца студенти, дипломирани на применетите насоки. Еден од нив сум и јас, Марко Димовски. По 5 и пол години минати како демонстратор и асистент на нашиот Институт, преминав во ЕВН Македонија, во делот за креирање и оптимизирање на енергетско портофлио:
„Напуштањето на Институтот за Математика беше тешка одлука за мене, но дојде време за нови предизвици, во насока на материјалот на кој сум студирал. Дипломирав на насоката „Математичка економија“, а магистрирав на насоката „Математички науки и примени“, па во текот на студиите се стекнав со познавања од повеќе области, како што се економијата и програмирањето. Јас доаѓам од оние генерации кои најчесто налетуваа на затворена врата, со оглед на недовербата која работодавците ја имаа во однос на програмата која се изучува на нашиот факултет, водени од недоволното искуство за студенти од нашиот профил, во минатото. Имав желба (се отвори и таква прилика) да се дообразувам за позицијата актуар во една осигурителна компанија, но на крајот се решив да се обидам во образованието. Моите амбиции за „играње“ со големи множества од податоци, трудовите обработени во таа насока на магистерските студии и доброто познавање на повеќе програмски јазици, ми ја отворија портата за влез во еден сектор, кој беше новост за мене. Знаејќи ги способностите на студентите на кои сум им предавал и колегите со кои сум студирал, судејќи и по личното искуство, не постои работна позиција која бара „вклучување на мозокот“, во која добар математичар не би можел да се снајде. Навистина, факултетите најчесто не даваат готови производи, подготвени да одговорат на бараните задачи произлезени со развојот на индустриите, но имаме одлична основа која ни овозможува да го докомплетираме потребното знаење. Може да се пофалиме дека сме добри логичари, желни за напредок и учење на нови работи, лесно се соочуваме со новите предизвици и непрекинато сме отворени за надоградување. Се надевам дека новата генерација математичари ќе остави силен впечаток, кој во иднина ќе придонесе за уште поголем ангажман на студентите од применетите науки. Во модерната ера, маркетингот е оној кој „го продава производот“, а како екс вработен на факултетот, сметам дека многу затајуваме на полето на промоција на нашите кадри и тоа мора веднаш да се промени, затоа што Македонија има потреба од нас, математичарите, а работодавците се’ уште не се свесни за тоа. Мојата работна позиција вклучува обработка на податоци, секојдневни анализи на најразни параметри потребни во предвидувањето на количините на електрична енергија, кои треба да се набават на повеќемесечно, месечно, дневно ниво и во текот на самиот ден. Покрај потребните аналитички способности, потребно е добро познавање на некој од програмерските софтвери, чии основи сме ги стекнале за време на студиите на ПМФ. Дополнително, оптимизацијата е еден од клучните термини кои се дел од описот на моето работно место, така што сум среќен што конечно имам реална примена на она што ми било една од ударните тематики за време на моите постдипломски студии. При студирањето, имав желба да работам во економски сектор, па на новото работно место добив можност и да ја анализирам берзата, но овојпат се работи за берзата за набавка на електрична енергија. Работата во енергетскиот сектор нуди многу можности за примена на теоретските проблеми со кои се соочуваме за време на студиите и идните студенти треба да се обидат и во оваа насока.“

Нова во енергетскиот сектор е и Фросина Јакимовска, вработена во компанијата Директ Енерџи, во Скопје:
„Студиите на Институтот за Математика ми помогнаа полесно и логично да ги решавам проблемите и ситуациите во секојдневниот живот и во работата. Работам во приватна компанија за снабдување со електрична енергија, каде што постојано се среќавам со нови интересни предизвици за кои наоѓам брзо и лесно решение, благодарение на стекнатите знаења. Дел од моите работни задачи се следење на берзата на електрична енергија, составување на калкулации со помош на математички формули и програми, како и предвидување на промените на берзата и потрошувачката. Насоката „Математичка економија“ е одличен избор за оние кои ја сакаат практичната примена на математиката. “.

Во досегашниот текст, можеби и најчесто сретнувани термини се обработката и анализирањето на податоците. А, каде би имало поголемо анализирање на податоци и нивно толкување, ако не во Државниот завод за статистика. Заводот кој врши најголеми истражувања на најразни теми поврзани со Македонија и народот кој живее во државата, во последните години го збогати својот тим со неколку студенти од математичките насоки. Меѓу нив, со најголемо искуство е Стево Ѓоргиев, дипломиран математичар и инженер по математичка економија, на насоките „Теориска математика“ и „Математичка економија“ при Институтот за Математика, ПМФ:
„Како што кажуваат самите имиња на студиските програми, во едната преовладуваше теоријата, а во другата примената на математиката, но без сомнение може да се каже дека и двете се концепирани да содржат содржини, како од теорија, така и од примена на математиката. Во текот на студирањето се стекнав со повеќе знаења и вештини, како од областа на теориска математика, така и од суштинската потреба за примена на математиката во останатите сфери во општеството како економијата, финансиите, биологијата, програмирањето, осигурувањето и сл. Денес работам како Помлад соработник за математички и статистички методи, во Секторот за информатичка поддршка при Државниот завод за статистика. Со помош на стекнатите знаења и вештини во студиските денови, од областа на теорија на математичка статистика, теорија на веројатност, математичко моделирање и сл, справувањето со работните задачи е лесно и едноставно. Обработката на податоците со помош на различни статистички софтвери, нивната анализа, валидација и заштита на истите, се дел од секојдневните работни активности кои претставуваат предизвик за подобрување и усовршување на веќе постоечките методи. Знаењата и вештините стекнати во текот на студирањето се несомнено од голема полза за ефикасно и ефективно извршување на работните активности. Кога станува збор за ИМ и студиските програми, едноставно знам да кажам „Тоа е местото каде што ќе те научат не само како, туку и зошто!““.

Подеднакво примамливи за работа се и секторот осигурување, банкарскиот сектор, како и инвестиционите фондови. Секторите во кои примарната шанса се дава на економистите, се поле во кое математичарите можат подеднакво да се носат со работните задачи, формирајќи корисни тимови, заедно со колегите од другите факултети. Марија Илиевска е студент кој работата во образованието, по само една година ја замени со работа во секторот осигурување, вработувајќи се во Триглав Осигурување АД Скопје:
„Имам завршено „Наставна математика“ и „Математичка економија“ и после краток период во образование, се вработив како стручен соработник за актуарски работи во Триглав Осигурување. Дел од моите работни обврски опфаќаат: анализа на работата на Друштвото и планирање за идните години, проценка на ризиците, најразлични пресметки во врска со осигурителните полиси, изработка на статистички извештаи и слично. Дел од методите кои се изучуваат во предметите на насоката математичка економија директно ги применувам во мојата работа.
Сметам дека знаењата стекнати на Институтот за математика пред се’ се одлична основа за аналитичко размислување, а понатаму овозможуваат потемелно разгледување и разбирање на работните задачи, како и нивно ефикасно и логично решавање. Сите сфери во кои математиката наоѓа примена, се сфери кои се моментално во развој и за кои е потребно постојано надоградување на знаењата, а математичарите имаат добра основа без проблеми да се соочуваат со нови предизвици. “.

Со малку поголемо искуство во овој сектор е Маја Танчевска, вработена како референт за актуарски пресметки, во АД Осигурителна полиса. Маја има пофални зборови за своето искуство од годините поминати на ПМФ:
„Пред една година дипломирав на Институтот за математика при Природно – математичкиот факултет во Скопје. Бев од оние кои ја имаа привилегијата да застанат и да одбранат дипломска работа и тоа два пати. Како бруцош се запишав на насоката „Теориска математика“, искрено, иако ја обожував математиката отсекогаш знаев дека наставната математика не е вистинскиот избор за мене. Одлучив мојот пат да го градам на некоја друга страна, иако на почетокот не знаев кон што да целам. Во текот на студирањето имав прилика подетално да се запознаам со предметите, можностите и предностите кои ги нуди секоја од насоките. Моето внимание го привлече насоката „Математичка економија“ која ја запишав како паралелна насока на почетокот на третата година на студиите и од денешна гледна точка, ниту еднаш не се покајав за изборот кој го направив.
Во текот на студирањето имав чест и привилегија да запознаам прекрасни луѓе, како професори така и студенти и посебно ми е драго што барем на четири години бев дел од тоа опкружување. “.
Своето позитивно искуство и знаењето стекнато за време на студиите, Маја успешно го применува на своето работно место:
„Математичка економија беше насоката која отвори нови патишта во мојот живот и тоа непосредно по нејзиното запишување. Се стекнав со знаења и вештини од областа на финансиската математика, економијата и секако најинтересното за мене – осигурувањето, каде за прв пат се „запознав“ со мојата идна професија – актуарството. Многу мал процент од студентите пред да се запишат на нашиот факултет го имаат слушнато овој поим. За тоа што е актуар, и што е актуарството како професија можат премногу информации да се најдат на интернет, но тоа што можам јас да го кажам е дека за мене актуарството претставува совршен спој на математиката, економијата, логиката и креативноста. Моментално работам во една од осигурителните компании во нашата држава „Осигурителна полиса“ и тоа на позиција „Референт за актуарски пресметки“. Многумина во текот на студирањето, а и по него се прашуваат каде ќе ги искористат знаењата кои ги пружа факултетот. За еден математичар неговите теоретски знаења да ги преточи во пракса, се огромен предизвик. Во мојот случај можам да кажам дека голем дел од економските предмети и нивното познавање директно влијаеа врз напредокот во мојата работа. Накратко, без нив, разбирањето на моделите и методите кои секојдневно ги користиме ќе одеше многу бавно. Исто така, нешто што научив плус за овој краток период и би сакала да го споеделам е тоа дека познавањето на математиката, ги отвара вратите од професиите на иднината. “.

Андријана Поповска е уште еден дипломиран студент на две насоки од Институтот за Математика. Андријана е нашиот претставник во светот на инвестициските фондови, како вработена во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје:
„Имам завршено „Теориска математика“ и „Математичка економија“ и работам како аналитичар во Друштво за управување со инвестициски фондови. Дел од моите дневни работни обврски вклучуваат редовно следење на светските берзи од акции и обврзници, анализа на ризиците при инвестирање во дадена компанија или држава, како и проценка на ризикот кој даден инвеститор е спремен да го преземе и предлагање на соодветно портфолио од хартии од вредност за него.
Сметам дека насоката математичка економија добро ги припрема студентите за идна примена на математиката во финансиската сфера и дава основа за аналитичко размислување и донесување на оптимални одлуки во секојдневното работење. Со оглед на тоа што кај нас управувањето со инвестициски фондови е индустрија во развој, верувам дека и во иднина истата ќе има потреба од математичари спремни да го пренесат своето знаење стекнато на ИМ. “.

Покрај неколку вработени во банкарскиот сектор, меѓу кои имаме и такви кои вршеле обуки по математика на кадрите кои се на пракса, ја имаме и Марија Димитријевска, вработена како модел девелопер во ХалкБанк АД Скопје. Марија дипломира на насоката „Теориска математика“ и за време на студиите не очекувала дека нејзиниот смер ќе и помогне во пракса, на идните работни места:
„Можам да ви кажам дека низ годините, многупати посакував да не сум дел од насоката „Теориска математика“. Самото име звучи апстрактно и неприменливо, но во текот на студиите се здобив со теоретско знаење кое што во иднина се покажа дека е основа на секоја пракса. Денес работам како модел девелопер во ХалкБанк АД Скопје. Со помош на стекнатите знаења од случајни процеси, теоријата на веројатност и слично, соочувањето со работните предизвици е прилично лесно и темелно. Воочив дека знаењето, вештините и снаодливоста, стекнати за време на студирањето, несомнено претставуваат добар темел за работната кариера. Логиката и начинот на размислување при решавањето на проблемите, се темелат на годините помиинати како студент на Институтот за математика на ПМФ.“.

Успешните приказни на математичарите кои работат надвор од образованието се многу повеќе на број отколку што е опфатено во оваа статија. Наведени се само дел од примерите, и тоа од студенти кои дипломирале во последните неколку години. Целта на статијата не е да се пофалиме, ниту пак да ги потцениме останатите факултети, туку да докажеме дека компаниите треба да бидат многу поотворени кон кадрите излезени од нашите смерови, затоа што ние можеме да се адаптираме на секакви работни задачи поврзани со употреба на логика и примена на математиката, дури и во ситуации кога материјата во позадина, не е од наше поле на интерес и повеќе одговара на материјалот од постручните факултети. Колку што е голема потребата за вработување на кадар од стручните факултети, толку е голема потребата за вработување и на кадри од нашиот факултет, за кои постои генерално размислување дека мора да работат во образование. Недостасува оној спој меѓу презентацијата на она што го бараат компаниите и соодветноста и можностите на кадрите произлезени од нашиот Институт, кои би одговориле на тие барања. Со поголема соработка меѓу двете страни, би добиле многу подобри резултати, во корист на секого. Едните треба повеќе да ја презентираат својата работа и предизвиците со кои се соочуваат, за во иднина самата програма на применетите насоки да се адаптира на она што се бара на пазарот, а другите треба поактивно да се борат за промоција на способностите на своите студенти и понекогаш да споделат некоја успешна приказна. Инспирацијата за статијата е добиена откако по менувањето на работното место, низа студенти беа заинтересирани да дознаат што конкретно се работи надвор од образованието.
Интервјуираше: Марко Димовски, специјалист за планирање и оптимизирање на енергетско портфолио во ЕВН Македонија, поранешен студент, а подоцна и вработен на Институтот за математика, ПМФ, Скопје
Објавено: 02 октомври 2020
Објавено: 02 октомври 2020
Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ