Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Статистичар

Статистичар


Статистиката е истовремено и широко применета и силно теориска област. Статистичарот е математичар кој собира и проучува (анализира) податоци со цел подобро да го разбереме нашиот свет и да се анализира некој од неговите проблеми. Затоа, оваа професија е позната и како статистички аналитичар. 

Статистичарите главно работат со експерти од други области, па затоа комуникациските вештини се од големо значење за статистичарите. Работата со податоци изискува и одредено познавање на статистички софтвер - компјутерски програми за обработка и анализа на податоците. Статистичарите може да реализираат истражувања, создаваат модели, креираат тестови, го контролираат квалитетот на статистичките истражувања. 

Степенот на образование кој статистичарот го поседува, често има влијание на видот на работата кој тој е способен да ја извршува. Основни познавања од статистиката може да се стекнат и на првиот циклус студии по математика и математика-иформатика. Многу често, работодавците ги охрабруваат статистичарите да го продолжат своето образование, со стипендирање на нивните понатамошни студии или со организирање на тренинзи за доквалификација на своите кадри. Посолидни и продлабочени знаења од областа на статистиката може да се стекнат на вториот циклус студии на студиската програма по Математичка статистика, актуарство и математички модели во економија. 

Во моментот, зголемена е побарувачката на статистичари на пазарот за работна сила. Овој факт можеби би допринел многумина да се определат за оваа професија, но и исто така тоа ја прави професијата поконкурентна.  

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.