Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Програмер 

Програмер


Математичарите многу често се наоѓаат себе си и во полето на програмирањето. Пишувањето на програма е слично на решавањето на една математичка задача. Секоја програма за дадени влезни податоци, дава одреден излез, исто како што решението на математичката задача дава одговор. Задача на програмерот е да го презапише алгоритмот за решавање на некој проблем на јазик разбирлив за комјутерите, наречен програмски јазик. Учењето на програмски јазици е како учењето на странските јазици, треба да се совладаат резервираните зборови (вокабуларот), синтаксите на наредбите (граматиката), и понатаму се останува на континуирано практикување на јазикот - програмирање. Основите на програмирањето се изучуваат на сите насоки на првиот циклус студии на математика и математика-информатика, проширени знаења од типот изучување на повеќе програмски јазици, како и повеќе видови на програмирање може да се стекнат на првиот циклус студии по математика-информатика. Продлабочени програмерски вештини се стекнуваат на вториот циклус студии по Нумеричка оптимизација и апроксимации.

Програмерите со продлабочен интерес и знаења од комјутерските науки, ја наоѓаат и својата професионална определба како софтвер инженери. Софтвер инженерот генерално дизајнира и пишува софтвер кој не е нумерички ориентиран. Големите корпорации задолжително вработуваат софтвер инженери чија задача е развивање на сопствен софтвер на самата корпорација.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.