Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Професор во основно/средно училиште

Професор во основно/средно училиште


Традиционално најзастапена професија на математичарите, која се уште е актуелна, барана, но и најодговорна. Професорите по математика во основно и средно училиште на себе го имаат целиот терет и голема одговорност, да ги постават темелите на математичките знаења кај идните генерации и најважно да ја всадат љубовта кон математиката. Редовното поставување на прашања за умствено загревање - решавање на задачи „на памет“, со кои се „решаваат“ проблеми од секојдневниот живот, е патот кој води кон оваа цел. Задавањето на задачи и активности за час и за дома, кои потоа професорот ќе ги провери со активна дискусија за истите, допринесува за стекнување на навика за решавање на математички задачи - умствена активност која помага при развивањето на аналитичкото мислење.
 
Успешен професор по математика во основно и средно училиште треба да има солидни познавања од областите како алгебра, геометрија и тригонометрија, како и аналитичка геометрија и калкулус, а најновите наставни програми вклучуваат во себе предмети од областа на компјутерско програмирање, лиеарна алгебра, веројатност и статистика, и примени. Идните професори по математика во основно и средно училиште треба да имаат завршено прв циклус студии по Наставна математика, Математика-информатика (наставна насока) или Математика - физика. Продлабочени знаеања од областа на математичкото образование, кои би им помогнале на професорите по математика во основно и средно училиште да бидат поуспешни може да се стекнат со завршување на вториот циклус студии по Математичко образование во основно и средно училиште. 

Често носителите на дипломата професор по математика во основно/средно образование, ја наоѓаат својата професија како тутори по математика, попозната како „професори кои даваат часови по математика“, помагајќи им на учениците и студентите, индивидуално или во групи, полесно да ги совладаат математичките содржини.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.