Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Нумеричар

Нумеричар


Нумеричар (computational scientist) е математичар кој ги интерпретира проблемите произлезени од физичките науки и инженеството во математичка форма и развива математички решенија на овие проблеми најчесто со апроксимации, користејќи напредни познавања од диференцијално сметање, оптимизациони методи, комјутерско моделирање и симулации. Нумеричарите интезивно користат моќни компјутери при решавањето на овие проблеми, затоа покрај математичките знаења, тие поседуваат и програмерски вештини. 

Комјутерските симулации и моделирањето денес се користат во секоја научна област и инженерството. Метереолозите го користат компјутерското моделирање да го предвидат текот на климатските промени, за да ги разберат феномените како ураганите и торнадата. Авијатичарите користат симулации за протокот на воздухот околу леталото, и при тоа да го дефинираат начинот на летање во екстремни услови. Механичките инженери, користат симулации за автомобилски судари се со цел да дизајнираат побезбедни возила. Но, исто така компјутерски симулации користат и астрономерите и астрофизчарите, биолозите и хемичарите.

Диференцијално и интегрално сметање, линеарнат алгебра и статистика се основните дисциплини кои треба да ги познава нумеричарот, заедно со нумеричка математика, математичко моделирање, оптимизација и симулации, кои се изучуваат на првиот циклус студии по Математичко програмирање и на првиот циклус студии по математика-информатика (применета насока). Продлабочени познавања од овие области може да се стекнат на вториот циклус студии по Нумеричка оптимизација и апроксимации.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.