Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Математичар истражувач
Математичар истражувач
Математичарот може да истражува, како на полето на чистата математика, така и во полето на применетата математика. Истражувањето нема граници. Една од причините зошто математичарите истражуваат е во убавината на абстрактните облици кои ги користат, и во задоволството на откривање на не толку очигледни аспекти на овие сложени облици. Постојат многу примери, кога едно математичко откритие треба да почека неколку години, децении, за да биде искористено, применето, па дури и да стане многу значајно. На пример, долго време откритијата во Теоријата на броеви се сметале за неприменливи, и единствена причина за истражувањата во оваа област била откривањето на самата убавина на Теоријата на броеви. Сето ова се има сменето со раѓањето на модерната енкрипторна теорија, која е клучен дел од е-трговијата и силно се потпира на својствата на простите броеви и другите концепти на Теоријата на броеви.
Математички занимања надвор од образованието, математичарите истражувачи може да ги најдат во центрите за истражување и развој на големите корпорации, како и разни владини институции - воените и безбедносни агенции, агенцијата за енергетика, националните лаборатории. За овие позиции, најчесто се бараат повиски дипломи, како доктор на математички науки, степен кој се стекнува на третиот циклус студии по математика.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ