Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Алумни на ИМ > Кариерите на нашите математичари > Љупка Стојчевска Малбашиќ

Љупка Стојчевска Малбашиќ


„Бидете упорни во своите цели, бидејќи само така ќе дојдете до успехот!“
Picture
Љупка Стојчевска Малбашиќ
  • Занимање: Постдокторски истражувач
  • Компанија: Оддел за комплексна материја, Институт Јожеф Стефан, Љубљана, Словенија
  • Образование:
    • Дипломиран професор по математика-физика во основно образование, 2007, Институт за математика, ПМФ Скопје
    • Доктор по физички науки, 2013, Меѓународна постдипломска школа Јожеф Стефан, Љубљана, Словенија
  • Опис на работното место: 
    Истражување на електронската релаксација на суперпреводниците и материјалите со густина на полнеж со помош на фемтосекундна ласерска спектроскопија
  • Кои се вашите работни задачи?
  • Љупка Стојчевска Малбашиќ: Најголем дел од своето работно време го поминувам во ласерската оптична лабораторија, каде што ги изведувам и своите експерименти. Со помош на софицистирана ласерска опрема ги проучувам физичките својства на различни материјали. На пример, кај суперспроводниците ме интересира како електроните се релаксираат при различни температури и интензитети на ласерската светлина.
  • Како и каде ја применувате математиката во тоа што го работите?
  • Љупка Стојчевска Малбашиќ: Математичките алатки ги употребувам најмногу при обработка на експерименталните резултати. Со помош на најразлични сложени математички изрази се обидувам да ги пресметам измерените параметри и со тоа да изведам некои заклучоци од моите истражувања.
  • Кои се вашите соработници?
  • Љупка Стојчевска Малбашиќ: Членовите на одделот за комплексна материја се во најголем број по вокација експериментални физичари чија што специјализација е од делот на физиката на кондензирана материја. Покрај нив, нашиот тим го составуваат и хемичари и техничари.
Picture
Мерења на рефлексија на суперспроводници
Picture
Фемтосекундна ласерска оптична лабараторија, Оддел за комплексна материја, Институт Јожеф Стефан
  • Колку работата како истражувач ве исполнува?
  • Љупка Стојчевска Малбашиќ: Бескрајно сум среќна и се чувствувам исполнето што ја имам таа можност да работам како истражувач. Пред две години со помош на своите колеги откривме иновативен начин за запишување на податоци на материјал на база на дихалкогенид, кој што можеби во иднина ќе се користи во компјутерската индустрија.
  • Што би им препорачале на студентите на ИМ?
  • Љупка Стојчевска Малбашиќ Бидете упорни во своите цели, бидејќи само така ќе дојдете до успехот!

Интервјуираше: Ирена Стојковска, Центар за кариера на Институтот за Математика
Објавено: 27 ноември 2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.