Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Финансиски аналитичар
Финансиски аналитичар
Финансии е поле кое се занимава со проучување на начинот на работа на компаниите со монетарните ресурси во текот на времето, земајќи го во предвид можниот ризик при работењето. Финансиските аналитичари често препорачуваат кои активностио треба компанијата да ги превзеде (купување или продажба на акции) врз база на сегашната нејзина моќ и предвидената моќ во блиска иднина. Тоа се постигнува со градење на математички модели кои би го објасниле и предвиделе однесувањето на финансиските маркети.
Финансиските аналитичари се вработуваат во банки, инвеститорски фирми и осигурителни компании. Да се биде успешен финансиски аналитичар, потребно е пратење на дневните случувања, движењата на пазарите и пратење на индустриските профили во финансиските списанија, и книги. Можни се и патувања, учества на општествени настани и конференции.
Основите на финансиската математика, економијата, и статистиката се стекнуваат на првиот циклус студии по Математичка економија. Продлабочени познавања од овие области, може да се усвојат на вториот циклус студии по Математичка статистика, актуарство и математички модели во економија.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ