Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Вести и соопштенија > ЕРАЗМУС+ - подобар професионален и кариерен развој и подобри образовни политики, 7 февруари 2019, ИМ, ПМФ

Еразмус+ - подобар професионален и кариерен развој и подобри образовни политики, 7 февруари 2019, ИМ, ПМФ


Центарот за кариера при Природно-математичкиот факултет од Скопје во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, за студентите и наставниот кадар на Природно- математичкиот факултет, организираше збир од презентации на тема „Еразмус+ - подобар професионален и кариерен развој и подобри образовни политики“ кои се одржаа на 7 февруари 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Математичкиот амфитеатар М-121. 
​
  • Програма на настанот​

Беа одржани три презентации:
​
  • Еразмус+
    Презентациите обфатија три важни теми од Еразмус+ програмата. Презентацијата за финансирање на Еразмус+ проекти даде приказ на можностите за финансирање на високо образовни мобилности (вклучувајќи мобилност на студенти за учење и стажирање,  мобилност на наставен и административен кадар од ПМФ на други универзитети во Европа) како и вклучување на факултетот во партнерски проекти со други високообразовни установи од Европа заради креирање на нови студиски програми во високото-образование или креирање на нови дидактичко-методолошки пристапи во сите нивоа на образование.
    Презентации:
    Можностите за универзитетите, наставниот кадар и студентите во проектите на Еразмус+ програмата
    Прецентер: Астрит Реџепи, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

  • Евридика
    Втората тема на настанот беше мрежата Евридика која што се фокусира на анализи и студии на европските системи на образование при што во фокус беа тематските студии од областа на природните науки. Презентацијата имаше за цел да ги доближи студентите и професорите до суштинските карактеристики на образовните системи анализирани во Евридика, со цел нивно вклучување во процесите на македонскиот образовен систем.
    Презентации: 
    Презентација за мрежата Евридика – Анализи на образовните системи во Европа
    Листа на објавени Евридика публикации посветени на учењето природни науки и технологија
    Презентер: Дејан Златковски, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

  • Еврогајденс
    Последната тема на настанот беше иницијативата Еврогајденс која што има за цел да ги запознае сите чинители и индивидуи за процесите на европско ниво во областа на кариерното советување и можностите за трансфер на европските искуства во нашите институции.
    Презентации:
    Што е Еврогајденс?
    ​
    Што е Европас?
    ​Европас додаток на диплома
    Европас јазичен пасош

    Презентер: Анабела Насковска Петрески, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
    ​


Центар за кариера,
ПМФ, Скопје

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.