Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Асистент на факултет
Асистент на факултет
Скоро сите факултети во своите студиски програми имаат предмети од областа на математиката. Математичките предмети се изучуваат од теориски и практичен аспект. Практикувањето на теориските знаења преку изведување на теориски или лабараториски вежби е една од главните работни задачи на асистентите по математички предмети. Паралелно со изведувањето на вежбите, асистентите го надоградуваат и продлабочуваат своето знаење во одредена област од математиката, преку научни истражувања, најчесто водени од ментор кој е универзитетски професор.
Да се биде успешен во оваа професија потребни се суштински познавања на основните математички дисциплини, продлабочени знаења од областите на математичките предмети по кои асистентот изведува вежби и умешност знаењата да се пренесат на студентите. Подготовките за часовите, правењето селекција на задачите кои треба да ги презентираат пред студентите, составувањето на испитните комбинации, му помагаат на асистентот во развивањето на неговата креативност и истражувачки дух, кои се потребни при научните истражувања. Да се биде асистент по математички предмети на факултет потребно е да се има завршено втор циклус студии по математика и запишан трет циклус студии по математика.
Студентите кои се истакнуваат со надпросечни резултати за време на нивните студии имаат можност да бидат ангажирани како демонстратори и за време на завршните години од првиот циклус студии, како и за време на вториот циклус студии. Работните задачи на демонстраторите се идентични со оние на асистентите.

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ