Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Што може да работи еден математичар? > Актуар

Актуар


Математиката е силно орудие во полето на актуарството. Актуарството вклучува во себе многу меѓусебно поврзани дисциплини, како веројатност и статистика, финансии, и економија. Актуарот има задача да креира корисни статистики кои би им помогнале на компаниите да ги предвидат идните случувања. Актуарот поседува огромна количина на математички вештини, ужива во решавањето на проблеми, тој е исклучително љубопитна личност кој сака да истражува. Покрај овие карактеристики, актуарот мора да биде во тек со најновите трендови и актуелната бизнис клима, но исто така да биде запознаен и со најновите случувања од полето на општествените науки, правото и економијата. Сето ова е потребно, за да актуарот биде способен да ја измоделира со математички модел моменталната состојба, со цел да може да изработи значајни предвидувања. Повеќе информации на Be An Actuary. 

Актуарите се барани од осигурителните компании, пензиските фондови, консултантските фирми, претпријатијата и владините агенции. Основни познавања од веројатност и статистика, финансиска и актуарска математика и економија се стекнуваат на првиот циклус студии на насоката Математичка економија. Продлабочени познавања од овие области, може да се стекнат на вториот циклус студии на насоката Математичка статистика, актуарство и математички модели во економија. Лиценци за актуар, во Македонија, издава Агенцијата за супервизија во осигурувањето (АСО). 

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.