Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Алумни на ИМ > Кариерите на нашите математичари > Зоран Шуниќ

Зоран Шуниќ


„Математиката е мојата работна задача.“
Picture
Зоран Шуниќ има предавање на Макс Планк Институтот во Бон
  • Занимање: Универзитетски професор
  • Компанија: Тексас А&М Универзитет, САД
  • Образование:
    • Дипломиран математичар (теоретска насока), 1991, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
    • Магистер по математика, 1995, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
    • PhD in Mathematics, 2000, State University of New York, Binghamton, USA
  • Опис на работното место: 
    Настава на додипломски и пост-дипломски студии, индивидуална работа во својство на ментор со студенти на пост-дипломски студии, истражувачка работа и публикација на научни трудови.
  • Кои се вашите работни задачи?
  • Зоран Шуниќ: Математиката е мојата работна задача.
  • Опис на еден работен ден?
  • Зоран Шуниќ: Кај мене постојат неколку видови на работни денови (една од причините што никогаш не е здодевно). Некои денови се исполенти со настава (подготовка, предавање, консултации, преглед и оценка на испити, ...), некои се посветени на директна работа со моите докторанти (еден-на-еден средби и разговори), некои на мојата истражувачка работа (обично ми требаат долги периоди на фокусирана работа), а некои се проведени на пат, на конференции и слични средби на кои што учам од другите и, истовремено, имам можност да ги презентирам резултатите на мојата работа.
Picture
Зоран Шуниќ има предавање на Шредингер Институтот во Виена
  • Колку работата како универзитетски професор ве исполнува?
  • Зоран Шуниќ: Мојата кариера и моето задоволство се едно исто, го правам тоа што отсекогаш ме радувало и инспирирало и ја следам својата љубопитност - нема подобра комбинација за исполнетост. Не тврдам дека нема тешки денови, но секако нема здодевни.
  • Што би им препорачале на студентите на ИМ?
  • Зоран Шуниќ: Читајте и поставувајте си прашања по секој параграф. Патем, читајте се од барем два извора, колку и да ве збунува на почетокот.

Интервјуираше: Ирена Стојковска, Центар за кариера на Институтот за Математика 
Објавено: 21 август 2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.