Инстититут за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Центар за кариера
  • Почетна
  • За нас
  • Практична настава
    • Соопштенија
    • Документи за практична настава
    • Од дневниците на практичната настава
    • Огласи за пракса
    • Конкурси за меѓународна размена
  • Саеми за кариера
    • Распоред на саемите за кариера
    • Што може да работи еден математичар?
    • Како да бидам успешен математичар?
    • Како да најдам работа?
    • Огласи за работа
  • Алумни на ИМ
    • Отворен повик
    • Листа со Алумни на ИМ
    • Изјави на Алумните на ИМ
    • Кариерите на нашите математичари
  • Контакт
Центар за кариера > Алумни на ИМ > Кариерите на нашите математичари > Игор Димовски

Игор Димовски


„Секогаш правете го она што го сакате!“
Picture
Игор Димовски
  • Занимање: Доцент
  • Компанија: Институт за современи композити и роботика, Прилеп
  • Образование:
    • Дипломиран професор по математика, 1996, Институт за математика, ПМФ, Скопје
    • Магистар по математичко образование, 2009, Институт за математика, ПМФ, Скопје
    • Доктор по математичко образование, 2012, Департман за математика и информатика, ПМФ, Нови Сад, Србија
  • Опис на работното место: 
    Настава со курсисти и постдипломци. Истражувачка работа, дизајн на алгоритми.
  • Како се вработивте во Институтот за современи композити и роботика во Прилеп?
  • Игор Димовски: Се совпадна мојот и интересот на Микросам Академија за квалитетно математичко образование. Така се започна. Но, вистинскиот предизвик беше во тоа да се најдам во ситуација да решавам реален проблем. Образованието, колку и да е апликативно ориентирано прави како да си како под стаклено ѕвоно. Никогаш не можеш да имаш чувство дека резултатот од некоја задача решава некој вистински, реален проблем. Да движи роботизирана машина, на пример. 
    По решавањето на првиот практичен проблем, спојот беше неизбежен. Така се најдов во Институтот за современи композити и роботика.
  • Кои се вашите работни задачи? Дали се точно одредени или се непредвидливи?
  • Игор Димовски: Работата како професор по математика е интересна и предвидлива во одредени рамки. Работата на истражувачки проекти е предизвик сам за себе, исто така е интересна на свој начин. Посебен предизвик е кога треба да се заврши истражувањето во одреден рок и кога добиените резултати треба да бидат применливи и секако - видливи.
Picture
Игор Димовски има предавање на манифестацијата Робомак
Picture
Игор Димовски има предавање во Микросам клубот на талентирани средношколци
  • На што сте најмногу горд во врска со вашата кариера?
  • Игор Димовски: Веројатно на успесите на моите ученици и студенти, особено резултатите од меѓународните математички олимпијади. И на учебникот за I година гимназиско образование.
  • Што е тоа што секојдневно ве исполнува, а го има во вашата работа?
  • Игор Димовски: Работата со млади, сеедно дали ученици, студенти или курсисти секогаш исполнува. Тоа е размена на енергија и перманентно учење еден од друг.
  • Што би им препорачале на студентите на ИМ?
  • Игор Димовски: Секогаш правете го она што го сакате!

Интервјуираше: Ирена Стојковска, Центар за кариера на Институтот за Математика 
Објавено: 13 октомври 2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.