Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Првата македонска board game
Студенти од Институтот за математика ја креираат првата македонска board game игра
Работната верзија на првата македонска board game игра
|
Петчлена екипа од студенти на Институтот за Математика под раководство на ментор од Институтот, земаа учество на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2014“, проект платформа на град Скопје. Нивна задача беше креирање на првата македонска board game (картонска) игра.
Екипата во состав: Елена Стевковска, Милена Божиновиќ, Милица Јовановиќ, Стево Ѓоргиев и Мартин Николовски, под менторство на асистентот Илија Јовчески, учествуваат во создавањето на првата македонска board game игра. „Процесот на работа беше мошне интересен и засега сме задоволни од понуденото идејно решение, за кое сметаме дека до финалната фаза ќе биде уште подобро.“ - велат од Тимот на „Скопје креатива“. |
„Што се однесува до промоцијата и финалното завршување на играта, планирано е да биде промовирано на 21 ноември, на специјалниот фестивалски ден на „Скопје креатива“. До тогаш, треба да се направи финалното решение на играта, а студентите од Машински факултет, заедно со студентите од Семос Едукација, ќе треба да ги напрват идејните решенија на фигурите, мапата и коцките за играње и се што треба за да се спакува производот.“ - не информираат надлежните на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2014“.
Од тестирањето на работната верзија на првата македонска board game игра
Главна задача на студентите од Институтот за Математика беше обмислувањето на правилата на играта, со подеднакви шанси за победа за секој играч. Сега за сега, знаеме дека се игра долго, приближно 3 часа, дека е интересна, не само за студентите на математика, туку и останатите играчи кои учествуваа при тестирањето на работната верзија на играта. За ова сведочат фотографиите објавени на https://www.facebook.com/SkopjeKreativa.
Повеќе информации за самата игра, ќе ви презентираме по одржувањето на јавната промоција на играта, најавена за 21 ноември пред платото на Универзална сала.
Известува:
Ирена Стојковска, Центар за кариера на Институтот за Математика, ПМФ - Скопје
Објавено:
28.10.2014
Повеќе информации за самата игра, ќе ви презентираме по одржувањето на јавната промоција на играта, најавена за 21 ноември пред платото на Универзална сала.
Известува:
Ирена Стојковска, Центар за кариера на Институтот за Математика, ПМФ - Скопје
Објавено:
28.10.2014
Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ