Центар за кариера > Практична настава > Од дневниците на практичната настава > Туторска настава во Домот за деца
Туторска настава на студенти од Институтот за математика во Домот за деца без родители „11 Октомври“
Човек се чувствува најисполнет кога го употребува своето знаење и можности за да им помогне на другите. Предводен од оваа идеја, Институтот за математика оваа година отпочна да организира практична настава за студентите во која тие можат да го применат своето знаење, притоа надградувајќи се себеси и во полето на математиката, но и како личности, покажувајќи ја својата хуманост како значајна карактеристика. Едно од местата каде што помошта од која било област (не само математика) е секогаш добредојдена, е Домот за деца без родители ,,11 Октомври” во Скопје.
|
Од Мај 2014 година, Институтот за математика праќа практиканти кои работат со децата од Домот како тутори по математика. На почетокот од оваа учебна 2014/2015 година, пет наши студентки: Ивона Ѓероска, Марија Илиевска, Андријана Поповска, Викторија Сарвановска и Гордана Николовска се вклучија во овој вид практична настава, но во текот на годината очекуваме вклучување и на други студенти како практиканти во Домот. Еве како сето тоа е организирано и какви се впечатоците на студентите-практиканти.
Студентите-практиканти го посетуваат домот еднаш неделно, во текот на целата година. Нивна задача е да им помагаат на децата во врска со предметот математика. Тука спаѓа помош при пишувањето на домашните задачи, објаснување на нејасните работи во врска со материјалот кој го учат, но и сé друго од областа на математиката коешто не им е добро сфатено. Тука се вбројува и подготовката за одговарање на наставни ливчиња, писмени работи и екстерно оценување. Се настојува односот помеѓу децата и нашите студенти-практиканти да не биде строго професорски, туку многу попријателски, зошто на овие деца тоа им е потребно, но притоа сепак да се одржува едно соодветно професионално ниво. Сите деца се отворени за соработка, послушни се и сакаат да научат. Освен објаснувањето и класичното решавање задачи во врска со училишниот материјал, се користат и различни интересни методи кои ги поттикнуваат децата повеќе да се ангаажираат во учењето, а и им всадуваат љубов кон математиката. Така на пример, се организираат игри, се решаваат енигматски загатки, се работи во групи или индивидуално, а за оние коишто полесно го совладуваат материјалот кој се учи на училиште се решаваат и задачи од натпревари. Оваа година практичната настава е се' уште во тек, но студентите-практиканти се задоволни и мислат дека успеале онолку колку што дозволува времето да им го поттикнат интересот, знаењето и љубовта на децата кон математиката.

„Сигурна сум дека направив добар избор што отидов на пракса во домот. Прекрасно е да се работи со овие деца, тие се многу среќни кога некој им посветува внимание и без разлика колку им било знаењето досега по математика, сите се заинтересирани и сакаат да научат.” – Maрија Илиевска
„Времето кое го поминуваме во домот е многу корисно и за нас и за децата таму. Работата со нив е интересна и забавна и многу се радуваме кога ги решаваат точно задачите и кога се интересираат повеќе. “ – Викторија Сарвановска
„Децата се носители на позитивна енергија. После секоја посета се чувствувам изморено и исполнето. Не сум сигурна кој учи повеќе-тие од мене или јас од нив. “ – Гордана Николовска
„Постојано разговараме меѓу нас и планираме како да го оствариме наредниот час. Шансата да го правиш она во што уживаш е вистинска привилегија. Кога едно дете ќе дотрча кон мене со раширени раце, држејќи тест по математика со црвена петка на него, не знам чија радост е поголема: дали мојата или неговата. Задоволството да знаеш дека некому си помогнал е бесценето.“ – Ивона Ѓероска
„Koга прв пат ги видов тие деца: мали, невини, со тој искрен поглед - ме обзеде чувство што не можам да го опишам. Секој нов час е предизвик за мене. Да помогнам, да бидам корисна е тоа што ме прави исполнета и среќна.” – Андријана Поповска
„Сигурноста и способноста на едно дете да истражува и учи е секогаш резултат на врска заснована на доверба. Затоа ние ќе се трудиме, искрено и несебично да ја даруваме својата љубов, своето знаење... а насмеаните и ведри лица на тие деца се доволен одраз на големината на хуманиот човек... на таквиот живот... на таквата СРЕЌА.“ - Силвија Сарафимова, студентка која неодамна се вклучи во ваквиот вид туторска настава.
„Добротворната работа носи посебно чувство. Колку и што добиваат децата од нашите посети можат да кажат самите тие. А што добиваме ние: добиваме љубов, чувство на задоволство зошто го пренесуваме нашето знаење, чувство на исполнетост зошто помагаме, искуство со кое се надградуваме како личности и забавни два часа секоја недела во кои и ние учиме повеќе.” - изјавуваат студентите-практиканти.
Известува:
Марија Илиевска, студент на Институтот за Математика, ПМФ во Скопје
Објавено на:
05.12.2014

Copyright © 2015 Центар за кариера на ИМ